Менаџмент на социјални медиуми


Аплицирај
Почеток на курсот
22 Апр 2024
Број на часови
30
Цена на курсот
300 ЕУР

Менаџмент на социјални медиуми

Интензивен курс за детално запознавање со работењето на социјалните медиуми. Наменет за лица кои сакаат да го извлечат максумумот од социјалните медиуми кога станува збор за маркетинг и промоција.
Овој курс е дизајниран да Ве запознае со основите на менаџирање на социјалните медиуми, со техники за стратегиско користење на социјалните медиуми, користење на социјалните медиуми како канал за платена промоција и стратегиски соработки за зголемување на видливоста на брендот.

За кого е наменет

  • Интензивниот курс е наменет за професионалци во сферата на менаџмент и маркетинг кои сакаат да се надоградат и да се здобијат со знаење за менаџирање на бизнис профил на социјалните медиуми.

Содржина на курсот

  • Вовед и запознавање со основите на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, LinkedIn, Tik Tok & X)
  • Запознавање со стратегии за комуникација на социјални медиуми и креирање на стратегија за комуникација на социјални медиуми.
  • Поставување на цели и тактики за мерење на резултатит и успешноста на кампањите на социјалните медиуми.
  • Видови на содржина и такики за креирање на интерактивна содржина за секој канал посебно.
  • Запознавање со Business алатки-те за менаџмент за содржина на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, LinkedIn, Tik Tok)
  • Вовед во рекламирање на социјалните медиуми (фокус на Facebook, Instagram и LinkedIn)
  • Стратегиски соработки и соработки со инфлуенсери на социјалните медиуми.

Овој курс ќе ви даде напредно знање за менаџирање на социјалните медиуми, меѓу кои:

  • Основи на социјалните медиуми: запознавање со 4 различни социјални медиуми и алоцирање на придобивки и можности за промоција на брендот.
  • Стратегиско размислување за позиционирање на социјалните медиуми: како најдобро да го позиционирате брендоти на социјалните медиуми и кој тип на содржина е најдобар за вашиот бренд.
  • Ефективна комуникација со потрошувачите и придобивање на потенцијалните потрошувачи: креирање на соодветна соджина која ќе ги активира вашите потрошувачи да направат одредена активност (дали онлајн или офлајн).
  • Стратегиски соработки со влијателни личности (инфлуенсери): како да го одберете соодветниот инфлуенсер, што да биде соработката и како да ја измерите ефективноста.
  • Целосно разбирање како функционираат социјалните медиуми за бизниси: ќе добиете целосна слика како вашиот бренд да биде соодветно позициониран на социјалните медиуми и кои се реалните придобивки.

Kонтакт

Оддел за продажба
+389 75 310 910; +389 2 3130 900

Лице за контакт

Анета Секуловска
Business Development Executive
+389 70 357 591, секој работен ден 9:00-17:00

Материјал за курсот

  • Презентации и листи со корисни линкови

Зошто оваа обука?

Присуството на брендовите на социјалните медиуми е неизбежно. Денес брендовите кои сакаат да останат релевантни и да продолжат да работат интензивно, мора да се присутни на социјалните медиуми (барем на тие кои се релевантни за нив). Но, релевантното присуството на социјалните мрежи стана навистина тешко, бидејки социјалните медиуми се преополни со профили од најразлични брендови, кои сите се стремат да го придобијат вниманието на потрошувачот. Па затоа, ефективното менаџирање и интерактивна комуникација на социланите мрежи е вештина која мора многу добро да ја вледеете, а со тоа ќе ви помогне овој интензивен курс.

Овој курс ќе ви помогне да:

  • Го издвоите брендот на социјалните медиуми
  • Имплементирате  нови стратегии за комуникација
  • Комуницирате ефективно со публиката
  • Поставувате релеванти цели и како да ги мерите истите
  • Остварите успешни соработки со инфлуенсерите на социјалните медиуми

Диплома за завршена обука

Начин на плаќање

  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на фактура