Adobe

Adobe сертификација

Важна информација за секој индивидуалец кој има Adobe Certified Associate титула!

Почитувани наши, доколку сте се стекнале со Adobe Certified Associate титула, сакаме да ве известиме за промените и новостите во Adobe сертификацијата.

Добро познатите Adobe Certified Associate (ACA) титули што ги имате добиено со положувањена истоимениот испит, се заменуваат со нова титула – Adobe Certified Professional (ACP), и тоа се однесува конкретно за верзиите CC 2018, 2019 и 2020, стекнати календарски до јуни 2021 год.

Доколку сте се стекнале со повисоката титула Adobe Certified Associate Visual/Video Design Specialist, истата титула ви останува, но ќе добиете и нова титула со назив Adobe Certified Professional in Visual/Video Design.

Вашите обновени сертификати се веќе достапни на личниот Certiport профил, слободно симнете ги фајловите и ажурирајте ги вашите CV-а и портфолија.

Нова сертификација - Adobe Certified Professional од јуни 2021

Титулата Adobe Certified Professional подобро ќе го рефлектира вашето знаење и вештини и ќе направи полесно да се препознае носителот како професионалец во областа. Исто така ќе овозможи попрецизна селекција на работодавачите кога ќе го видат вашето знаење прикажано на испитите за сертификација. Без разлика која верзија ќе ја полагате, со положувањето на испитот, вие ќе ја добиете оваа титула.

Adobe нуди голем број на можности за сертификација кои ќе Ви помогнат да ги постигнете своите цели, вклучувајќи сертификација за студенти, инструктори, како и за професионалци од индустријата. Сите оние кои сакаат да се стекнат со Adobe сертификат, можат да ги одберат следните опции:

Ниво 1
Adobe Certified Professional (ACP) сертификат

Титулата е наменета за оние кои имаат завршено курс за некоја од Adobe апликациите и сакаат да ги докажат своите вештини. Сертификацијата на ова ниво помага да покажат посветеност за академски успех и развој на кариерата.
ACP испитите се полагаат во Certiport тестинг центарот на Семос Едукација.

Испити со линкови од Certiport:

Adobe Certified Professional in Visual Design Using Adobe Photoshop
Adobe Certified Professional in Graphic Design & Illustration Using Adobe Illustrator
Adobe Certified Professional in Print & Digital Media Publication Using Adobe InDesign
Adobe Certified Professional in Digital Video Using Adobe Premierе Pro
Adobe Certified Professional in Visual Effects & Motion Graphics Using Adobe After Effects
Adobe Certified Professional in Multiplatform Animation Using Adobe Animate

За повеќе информации поврзани со ACP сертификатите, прочитајте на Certiport.

Напомена

Со посета на официјален Adobe курс во Семос Едукација, слушателот добива бесплатна подготовка за ACP сертификација, како и еден бесплатен ваучер за полагање.

Ниво 2
Adobe Certified Professional in Visual/Video/Web Design сертификат

Секоја од овие титули се стекнува со два положени Adobe Certified Professional испити од таа област која што е одбрана:

Adobe Certified Professional in Visual Design

  • Adobe Photoshop (задолжителен)
  • Adobe Illustrator или Adobe InDesign (изборен)

Adobe Certified Professional in Video Design

  • Adobe Premiere Pro (задолжителен)
  • Adobe Photoshop или Adobe After Effects

Adobe Certified Professional in Web Design

  • Adobe Dreamweaver (задолжителен)
  • Adobe Animate или Adobe Photoshop

За повеќе информации поврзани со ACA специјалист сертификатите, посетете Certiport.