Јava Developer

Јava Developer

Што е Java Developer?

Java Developer-от е одговорен за програмирање и развој на апликации и софтвер со помош на популарниот програмски јазик, Java.

Java Developer-ите се вклучени во текот на целиот развој на животниот циклус на производот и мора да бидат способни да идентификуваат и анализираат какви било проблеми и да можат да дојдат до ефикасно решение. Другите должности може да вклучуваат собирање и документирање на барањата на корисниците, анализирање на податоците и тестирање за обезбедување на квалитет. Како дел од нивните работни места, Developer-ите исто така може да преземаат функционални или технички анализи на веб-страници или апликации со цел да предложат и да им дадат приоритет на идните подобрувања.

Што е Java?

Зборот Java може да им звучи познато на љубителите на кафе и наставниците по географија, но во IT светот, Java е еден од најпопуларните јазици за програмирање со над 9 милиони корисници. Java е познат по својата брзина на обработка на софтвер, компјутерски игри и мобилни и десктоп апликации. Се користи за развој на софтверски и веб-базирани апликации за најразлични платформи и е многу популарен заради неговата лесна употреба кај почетниците, но сепак е потребно време за совладување.

Java е развиена во 1995 година од Sun Microsystems (компанија која е преземена од Oracle) и е програмски јазик кој е објектно ориентиран и се заснова на синтаксата на C++.

Што работи Java Developer-от?

Професијата бара ригорозен пристап кон работата, аналитички ум и исто така силна можност за набљудување. Овие вештини помагаат да се ограничи бројот на грешки кои што може да произлезат во текот на кодирањето, и исто така помагаат да се обезбеди оптимално функционирање на апликацијата. Еден добар Java Developer треба да биде автономен и да може да преземе иницијатива за успешно управување со своето време, како и решавање на итни проблеми.  Java Developer-от е одговорен за многу фази во текот на целиот животен циклус на апликациите, од концепт и дизајн па до тестирање. Ова е дел од она што еден Java Developer работи:

  • Дизајнира, имплементира и одржува Java апликации
  • Учествува во активности кои вклучуваат развој и архитектура на софтвер
  • Спроведува анализи, програмира, тестира и дебагира
  • Препорачува измени за подобрување на воспоставените процеси за Java апликациите
  • Развива технички дизајни за развој на апликации
  • Развива код за Java апликација

Каде работи еден Java Developer?

Бидејќи Java работи на сите платформи, Developer-ите може да работат на било каков проект. Тие може да изработуваат веб-страници, апликации или друг вид на софтвер – можностите се огромни.

Од здравството до технолошката индустрија во Силиконската долина, Java Developer-ите се секогаш барани низ целиот свет. Улогата честопати ги прави одговорни за надгледување на целиот животен циклус на какви било апликации создадени за индустријата во која работат, од концепт и дизајн до тестирање и понатамошно одржување. Секој бизнис што сака да остане модерен, најверојатно, ќе му биде потребен Java Developer.

Java Developer-ите може да се најдат во било која индустрија. Секој проект кој што бара развој може да се програмира во Java, без разлика дали е веб-страница или апликација, особено ако крајниот производ треба да биде мулти-платформа. Моќта на Java е нејзината компатибилност на различни платформи.

Дали Java Developer е професија за тебе?

Доколку сте амбициозни, сакате постојано да се надградувате и сакате да решавате проблеми, Java Developer е вистинска професија за вас.

Зошто треба да станеш Java Developer?

  • Java е еден од најчесто користените програмски јазици. Го користат повеќе од девет милиони Developer-и на седум милијарди уреди ширум светот. И покрај тоа што беше објавен пред повеќе од 20 години, Java е на врвот на индексот TIOBE, мерка на популарност во програмските јазици, за последната деценија. Изгледите за работа за луѓе со Java вештини се одлични со улоги достапни во многу различни сектори.
  • Java е многу повеќе отколку кодирање. Од дизајнирање интерфејси до создавање и тестирање на динамични апликации, Java Developer-ите се вклучени во секоја фаза од процесот на развој.
  • Можности за соработка. Предност е што Java Developer-ите се вклучени во текот на целиот процес на развој и соработуваат со други професионалци, како што се веб-дизајнери, веб-развивачи и софтвер инженери. Соработката значи комуникација со професии кои помагаат да се унапреди вашата кариера како ИТ професионалец.
  • Java се користи во апликации од реалниот свет. Од здравствена заштита до финансиски услуги, Java се користи во многу различни деловни сектори, како и на популарни веб-страници како што се Facebook, Amazon и eBay. Значи, како Java Developer, вашата работа ќе биде од корист не само за компанијата за која работите, туку и за многу обични луѓе во во реалниот живот.
  • Секој може да кодира. Додека некои работни места бараат диплома од компјутерски науки или сродно поле, програмирањето е вештина што можете да ја научите. Честопати, вашето искуство со Java и развој на софтвер е поважно од докажувањето дека имате диплома во оваа област. Значи, ако сте заинтересирани да станете Java Developer, запомнете дека градењето портфолио на вашата работа може да биде исто толку важно како и да имате соодветни квалификации.
  • Пари! Побарувачката за Java Developer-и продолжува да расте. Затоа, работодавачите нудат повисоки плати за да го добијат најдобриот талент.
  • Можете да работите како хонорарци, фриленсери или како дел од организација
    На овој начин можете да бирате свои проекти и да ја контролирате сопствената кариера.
  • Можете да работите од далечина
    Природата на оваа професија е таква да може да се работи од каде било во светот.

Каде работат македонските девелопери?

Според мапирањето на индустријата направено од страна на it.mk, колку што има девелопери во домашни ИТ компании (39.10%), скоро толку има и девелопери кои работат во претставништво на странска компанија во Македонија - (38.78%). Remote за странска компанија работат 9.96%, фриленс 8.81% а најмал е бројот на девелопери кои работат remote за домашна компанија, само 3.35%. Во поглед на структура на компаниите, 44.75% работат во компании од 11-100 вработени, 29.79% во тимови помали од 10 вработени и 18.46% во компании со 101-500 вработени.

Примања според технологија

Во поглед на просечни примања според технологија, Java девелоперите имаат најголеми просечни нето месечни примања од 70.919 ден., додека C# за само 9 денари помалку е на второ место со просек од 70.910 ден., а потоа следуваат .NET со 69.242 ден., SQL со 67.978 ден., PHP со просек од 67.249 ден., JavaScript со 66.837 ден. и TypeScript со 65.958 ден.. Девелоперите кои примарно куцаат HTML+CSS заработуваат во просек 61.436 ден. месечно, а девелоперите со познавање на Bash/Shell 59.612 ден.

Платите се разликуваат во зависност од видот на работата за развој, локацијата и искуството.

Како да станете Java Developer?

Патот до работа во оваа професија варира. Додека некои се одлучуваат за дипломски студии и факултетска диплома, други се одлучуваат за степен на образование што го нудат најпознатите светски брендови преку свои специјализирани програми кои се спроведуваат преку партнерска мрежа во облик на курсеви.

Колку време е потребно за да станете Java Developer?

Нема стандардна должина на време што е потребно за да стане Јаva Developer. Тоа зависи од избраниот пристап на учење.  Официјалната Oracle Java програма за Java Developer која Семос Едукација ја нуди, е сеопфатна едукативна целина која Ве подготвува за кариера како Java Developer.

Во моментов во Семос Едукација се доделуваат 10 стипендии за сите оние кои сакаат и планираат да градат кариера како  Java Developer.