Стефан Блажевски - WordPress Developer

Стефан Блажевски: WordPress Developer е професија со загарантирана иднина во ИТ индустријата

Стефан Блажевски е Web developer кој својата едукација ја започна во Семос академијата за Веб дизајн на 18 години, по завршувањето на средно училиште. Со завршувањето на академијата веднаш започнува професионално да ја гради својата кариера. Веќе 4 години се занимава со Web Development, а паралелно со регуларната работа, вели дека секогаш freelance-от бил негово „хоби” инвестиција. Во моментов е вработен во Семос Едукација како WordPress Developer и предавач на WordPress Development академијата.

Со Стефан разговаравме за WordPress платформата, што претставуваа таа, колку се користи кај нас и како изгледа денот на еден WordPress developer,  како и за тоа кои сѐ бенефиции ги нуди академијата за WordPress.

WordPress платформата се користи доволно за да имаме работа уште многу долго време, вели Стефан.

- Шала на страна, WordPress е присутен во околу 40% од веб сајтовите на интернет. Како интересен факт би го издвоил тоа што во 2019 година проценето е дека дневно се лансирале околу 500 WordPress веб сајтови. Според мене, WordPress платформата штотуку зазема замав, од аспект на платформа која ќе придонесе во растот на нови Web девелопери, посочува Блажевски.

За WordPress вели дека е одлично игралиште за креативно решавање проблеми преку технологии кои што имаат цврсти темели во ова поле.

Од неодамна започна како предавач на WordPress Академијата при Семос Едукација, па со нас сподели како сите заинтересирани да проценат дека оваа програма е токму за нив.

- Сѐ што ти треба е желба, компјутер и интернет. Па дури и без интернет се може... Барем за почеток... Нема прецизно правило за тоа дали оваа програма е за тебе, но едно е сигурно: ако ти треба промена, предизвик и сакаш да научиш кул модерни вештини кои ќе ти помогнат да го збогатиш своето знаење и да изградиш квалитетна кариера - оваа програма дефинитивно ќе ти помогне правилно да почнеш да се движиш натаму. Нормално ние како инструктори сме тука да ве спремиме за што е можно повеќе реални предизвици.

Стефан сподели и како изгледа еден работен ден на WordPress Developer. Ако се работи за компанија, вели дека најчесто е работа од девет до пет, во опуштена атмосфера. Додека, пак, ако станува збор за Freelance, целото време и организација е одговорност на самиот девелопер.

- Во однос на работните задачи, очекувајте многу комуникација и состаноци со клиенти. Нормално тоа е единствениот начин за да се разберат целта и барањата, и тоа ги дефинира тековните задачи. Ако водите проект и јасно е дефинирано што треба да се постигне, во тој случај работата, поедноставено изгледа вака:

1. Планирање на дизајнот на функционалностите

2. Пишување на кодот

3. Тестирање

4. Има грешки? - почни пак од 2

5. Нема грешки? - продолжи

6. Лансирање на интернет

7. Одржување

Бидејќи програмата за академијата е долготрајна поточно цели 226 часови, како часовите од академијата се распоредени низ целата програма во однос на теорија, пракса, дискусија, проекти итн?

- Како и секој почеток во одредено поле, така и овде се почнува со најосновните работи. Се почнува прво со она што корисникот го гледа на екран, односно HTML и CSS. Потоа се преминува на интерактивниот дел каде што студентите се запознаваат со JavaScript. Со овие 3 технологии веќе сте ги стекнале основните вештини за Front End Web Development. Потоа се преминува на полето на трансакции и операции со податоци помеѓу корисникот и серверот - со технологиите PHP и MySQL. Кога ќе се постигне ова ниво, веќе се работи за Full Stack Development. Потоа програмата фокусира само на WordPress Development, каде што се применуваат сите претходни знаења, но и се учат и тестираат можностите и финесите на WordPress. Програмата се одвива градуално со варијабилен интензитет, со цел студентот да ги соџвака работите на начин кој што е најпогоден за него. На поголем број од часовите се почнува теоретски, а потоа се работи практично со реални примери и задачи. Условот за успешно завршена програма се запечатува со финален реален проект - веб страна, кој ќе ги сочинува сите стекнати вештини во текот на програмата.

Дали сметаш дека секој блогер, инфлуенсер кој планира свој блог, па и некој кој сака да отвори свој e-commerce сајт би требало да го совлада WordPress за поголема успешност на своите цели?

Не би ги мешал тие работи заедно, бидејќи најчесто блогерите и инфлуенсерите користат веќе готови решенија. Дефинитивно треба да имаат добро познавање од WordPress, но тука се користат само финесите на CMS (content management system). Сепак ова што го дискутираме е нешто многу поразлично. Да речеме вака: можеш да бидеш блогер кој што ќе пишува и објавува статии на веќе изграден блог или пак да бидеш блогер и девелопер кој што сам би изградил блог на кој ќе пишува и објавува статии токму онака како што би замислил.

На сите оние кои сакаат да се приклучат на WordPress Академијата Стефан им препорача да се што е можно пољубопитни и да не се плашат од непознатото.

- Запомнете дека не постојат глупави прашања! Генерално прашувајте сѐ што ве интересира. Ова е инвестиција која ќе ви донесе многу благодети, но и многу предизвици. Нашата цел е да ви пренесеме што е можно повеќе знаење, да ве мотивираме да успеете во ова поле и секако правилно да ве насочиме за развојот на вашата кариера. Ве очекуваме!

Ако се размислуваш за градење на свој вебсајт, сега е најдобро време да го направиш на Wordpress искористи ја оваа можност и по најповолна цена приклучи се WordPress Академијата.