Моника Костовска приказна од Холандија

HR Aкадемијата може и да ви го изгради патот за учење и на поголемите пазари како што е Холандскиот

Споделуваме една возбудлива приказна од Холандија, зборувавме со Моника Костовска која што својата кариера како HR ja започна со приклучување во HR Академијата на Семос Едукација. Во моментов работи регрутација на менаџмент кадри за големи компании, или Executive Recruitment, на територијата на Холандија.

Таа е пример што потврдува дека неслучајно баш оваа HR Академијата го има ептетот „најпрактична“. Знаење стекнато на Академијата е одлична основа за лансирање на интренационална кариера. Ја прашавме за нејзиното искуство со Академијата и за нејзиниот кариерен пат по завршувањето на истата.

Кажи ни нешто за себе и зошто се одлучи за човечки ресурси?

Моето име е Моника Костовска, јас сум психолог кој своето место го најде во бизнис светот. Мојата страст кон луѓето и љубопитното набљудување на нивното однесување за предвидување на средината во која ќе заблескаат нивните уникатни личносни склопови, но и вечната воодушевеност од комплексноста на бизнис светот, природно ме донесоа до кариерата како Регрутер. Повеќе би рекла дека тоа беше природен след на работите отколку мој обмислен избор. И валидноста на изборот е искажан преку ентузијазмот кој го провејувам секој ден во мојата работа, и кој луѓето многу лесно можат да го забележат.

Како изгледа еден работен ден на HR?

Мојата тесна специјализација е регрутација на менаџмент кадри за големи компании, или Executive Recruitment, во моментот на територијата на Холандија. Би ја дефинирала мојата позиција како секојдневно вложување во градење на односи со моите бизнис пријатели (не би ги нарекла клиенти или кандидати, бидејќи многу лесно улогите се претопуваат една во друга), за кои што гласам како кариерен агент. Работниот ден никогаш не е ист, но вклучува – анализа на компаниските потреби на клиентите, детектирање на потенцијал за раст и обликување на опис на работна позиција преку која што може да се направи промената и растот, секогаш потенцирајќи го личносниот склоп кој би бил најсоодветен за таа средина. Потоа лоцирање и разговори со потенцијални кандидати, психолошки тестирања, консултативни средби, и водење на клиентот и кандидатите низ процесот на регрутација. Индивидуален коучинг, тимски коучинг, проширување на мрежата со нови луѓе со кои започнуваме нови бизнис соработки, и се разбира вложување во развој на нови технологии кои ќе ги олеснат репетитивните процеси во работата. И, се разбира, славење на успесите на бизнис пријателите преку взаемно испраќање на убав збор, букет цвеќе или кутија со благо. Тоа само дополнително ја разгорува магијата!

Како Академијата за човечки ресурси ти помогна во секојдевното работење?

HR Академијата, за која што секогаш кажувам дека сум емоционално врзана, беше најдобриот kick-off во кариерата што можев да го посакам!  Во периодот кога ја следев имав 23 години и бев практикант во Секторот Регрутација и Секторот за Тренинг и Развој во голема компанија. Знаењето кое го добив, искуствата, но и препознавањето на мојот потенцијал од страна на предавачите кои ми ја дадоа самодовербата на професионалец и знаењето на научник, беа главен фактор во моето кариерно одредување! Несебично префрленото знаење и искуство, но и неуморно следење на секој мој кариерен чекор и местото кое ми дозволија да го заземам јас во нивните кариерни патеки со мојата специфична експертиза, ме направи она што сум денес. Бидејќи сеуште сме во прекрасна комуникација, знам да им кажам дека тие ме пораснале😊 Навистина бев среќна што од мала се опкружив со такви примери вредни за следење!

Три работи што најмногу ти оставија впечаток на Академијата?

Предавачите, останатите слушатели со кои се врзавме како навистина хармонична група, и фактот дека ги засакав правните аспекти од работењето!

Како напредува HR индустријата во Македонија, а каков е тој напредок во светски размери, твое мислење?

Земајќи предвид дека мојата специјализација е Регрутацијата, сметам дека е највалидно да зборам за тој дел од огромната палета наречена Менаџмент на Човечки Ресурси. Сметам дека Регрутацијата како гранка напредува значајно во локални рамки. Компаниите је препознаа важноста на стручниот пристап во процесот на барање на нови вработени, не само во модерните индустрии како индустријата за Информатички Технологии но и во другите индустрии со подолга традиција. Она што сметам дека е следен чекор е тесното специјализирање на регрутацискиот кадар, и развивањето на локални примери од кои може да се учи бизнисот.

На глобално ниво, Регрутерите се повеќе стануваат партнери во бизнисот, бидејќи бизнисот успеа да го препознае ефектот на квалитетниот регрутациски процес врз успехот на организациите. Доколку се придржуваме до начелата на професионалност но етичност, грижа за луѓето и флексибилност на промените на пазарот, оваа гранка ќе стане одредиште за многу млади професионалци!

За крај, што би им порачалa на оние кои сакаат да се приклучат на HR Академија?

Би им го порачала она што го препорачувам на многу генерации во претходните години кои прашуваат за моето искуство – ако сакате да добиете светско знаење провеано низ македонски примери, и да научите како треба, за да сите позитивно влијаеме врз модернизацијата на македонскиот пазар на труд и да излеземе од комфорот на како секогаш било, не постои подобро место од HR Академијата т.е. Академијата за Менаџмент на Човечки Ресурси на Семос Едукација.

Како во мојот случај, може и да ви го изгради патот за учење и на поголемите пазари како што е Холандскиот, но моето ветување на моите животни професорки, предавачите на Академијата беше дека ќе го земам најдоброто од индустријата и ќе се вратам за да го донесам со мене во Македонија. Зошто на нас останува можноста да го градиме патот за генерациите што следат!