Ивана Чиплаковска - Приказна за релокација од Скопје во Белград

Поразговаравме со Ивана Чиплаковска, Менаџер на Кариерниот центар во Семос Едукација, познато лице за сите наши слушатели, посетители на настани, вебинари и сл. Можноста за релокација во друга канцеларија/држава како бенефит за вработените, ја донесе Ивана до работно место во канцеларијата на Семос Едукација во Белград.

Здраво Ивана. Те знаеме како ведриот лик од канцеларијата на Кариерниот центар во Семос Едукација. Кажи ни, која е Ивана професионално?

Официјално, Ивана е Менаџер на Кариерниот центар во Семос Едукација, а од неодамна и Менаџер на одделот за човечки ресурси во канцеларијата во Србија. Но пред сè, некој кој верува дека секој носи квалитет и потенцијал кој може да го развие. Ентузијаст кој сака да работи со луѓе,  да биде сведок и искрено да се радува на туѓиот успех.

Како започна твојата приказна во Кариерниот центар на Семос Едукација?

Сè започна со една порака на LinkedIn, пред две ипол години кога и Кариерениот центар беше на самиот почеток. Развојот на овој сектор беше голем предизвик но пред сè и креативен процес, исполнет со многу нови идеи и иницијативи.

Секојдневно менуваш животи на многу слушатели од Семос Едукација. Какво е чувството да бидеш креатор на толку многу нови работни места за нашите слушатели?

Ова е делот од работата што најмногу ми се допаѓа и дава смисла на сето она што го работиме ние како тим. Нема поглемо задоволство од тоа да знаеш дека придонесуваш во нечиј развој и менуваш нечиј живот на подобро. И самата имав можност да менторирам две девојки од Академијата за човечки ресурси кои денеска се одлични професионалци во оваа област и воедно наши амбасадори и доказ за квалитетот на образованието кое го нудиме.

Какви нови можности ти се отворија по вработувањето во Семос Едукација?

Нескромно ќе кажам дека имав можност да учествувам во проекти и настани за кои сметам дека се исклучителна реткост за еден млад човек. Имав прилика да соработувам со најголемите професионалци од областа на човечки ресурси, да запознаам млади луѓе полни со ентузијазам за учење кои денеска се сериозни професионалци во својата област и да учам од најдобрите професионалци во областа на едукацијата. Секојдневниот процес на учење е она што ме движи напред и воедно е најголема вредност на Семос Едукација како компанија.

Со проширувањето на Семос Едукација во Србија, доби можност за релокација во нашата канцеларија во Белград. Чија беше иницијативата и какво е чувството да работиш со нов тим и во нова работна средина?

Иницијативата беше моја, сметав дека ми е потребен поголем предизвик. Среќна сум што веднаш наидов на позитивен одговор и поддршка од страна на колегите.

Кажи ни нешто повеќе за периодот на адаптација во канцеларијата во Белград. Какво е твоето мислење за можноста за релокација на вработените и кариерната трансформација?

Ќе бидам искрена. Не е лесно да се прилагодиш во нова држава, без разлика колку и да сме блиски во култура и менталитет. Сепак, олеснителна околност е што сум повторно меѓу луѓе кои несебично го делат своето знаење и ми даваат безрезервна поддршка. Сметам дека можноста за релокација во рамки на компанијата е огромен бенефит за секој кој размислува за напредок надвор од границите на нашата држава.

Каква е работната атмосфера на новото работно место и како релокацијата те промени како личност и како професионалец?

Без разлика каде и да се наоѓа канцеларијата во Семос Едукација е секогаш динамично 😊. Сметам дека релокацијата доста ми влијаеше да бидам поотворена кон промени и да гледам на секојдневните пречки како предизвици и можност за учење. На професионален план уште на самиот почеток имав можност да напредувам со довербата која ми беше укажана да превземам нова позиција како Менаџер за човечки ресурси.

Што би им препорачала на твоите идни колеги во Семос Едукација?

Пред сѐ, да веруваат во себе и својот потенцијал. Да бидат носители на промени, нови трендови и да бидат ентузијасти за учење нови работи затоа што во Семос Едукација споделуваме знаење, не само со слушателите туку и во рамки на тимот. И да, навистина не постојат граници за оние кои се спремни за нови предизвици.

Доколку си професионално љубопитен, имаш експертиза во некоја IT област, сакаш да бидеш дел од големо, меѓународно семејство и да имаш можност за меѓународна кариера, Семос Едукација is the place to be.

Аплицирај на hr.semosedu.com и стани наш колега.