Зоран Кимов - Microsoft сертифициран тренер во Семос Едукација

После секоја обука сум задоволен од придонесот кој го имам направено да променам нечиј живот или кариера

Направивме кратко интервју со Зоран Кимов, Microsoft сертифициран тренер и консултатнт за анализа на податоци со 13-годишно банкарско искуство, специјализирано за известување за деловна интелигенција (Business Intelligence Reporting ) и корпоративна финансиска анализа.

Неговата страст кон најновите производи и услуги за анализа на податоци успеа да ја трансформира во ефикасна алатка за оптимизација на сите деловни процеси во организацијата. Тој длабоко ги разбира потребите на сите видови бизниси без разлика на нивната големина. Целосно свесен за потребата од итна дигитална трансформација за секоја организација, ги едуцира претприемачите да го прифатат овој концепт.

Започна како part-time тренер, се вљуби во практичните алатки на Microsoft во рамките на Семос Едукација, се сертифицираше и сега е full-time MCT кој обожава да е во тек со сите Microsoft новини, сертификации и сл. Во слободно време е спасувач на вода, инструктор за спасување на вода и игра кошарка. Прочитајте го целото интервју и дознајте што го натера да направи кариерна промена.

Од каде интересот за Microsoft и што е она што те поттикна да станеш MCT инструктор?

Интересот за производите и услугите на Microsoft доаѓа од нивната практична употреба во различни дејности на работење. Главен мотивирачки фактор за да станам MCT инструктор беше можноста своето време и труд да ги посветам на активности кои имаат значење во животот, а тоа е пренесување на знаење на секој  кој сака да научи нешто повеќе во насока на зголемување на продуктивноста и ефикасноста на трудот.

Кои се предносите да си MCT инструктор?

Како MCT инструктор имам пристап до најновите алатки и сервиси кои се нудат на пазарот како и пристап до сите официјални едукативни материјали поврзани со истите.

Секој избор е одрекување од нешто друго. Што најмногу ти недостига од претходното работно искуство пред да станeш инструктор?

Буквално ништо не ми недостига од претходното работно искуство, поточно едвај чекав да променам кариера што е можно побрзо. Претходно работев во три различни банки на позицијата Кредитен аналитичар.

Зошто баш Power BI? 

Затоа што секој кој има познавања од Microsoft Office пакетот (Word, Excel, PowerPoint) може зачудувачки лесно да дизајнира интерактивни извештаи во Power BI кои ќе помогнат да се соберат, анализираат, визуелизираат и споделат податоците од бизнисот во реално време.

Како Power BI  го промени/менува светот?

Power BI им овозможува на сите кои досега немале можност да дизајнираат извештаи за анализа и визуелизација на податоци поради немање вештини и знаења во програмирање, сега да можат да го направат тоа без пишување на ниту една линија на код.

Најинтересната работа да бидеш предавач е...

Реакциите на слушателите кога ќе дознаат дека решението за нивните секојдневни предизвици поврзани со анализа на податоците било пред нив, а поради некоја причина не успеале да го дознаат порано.

Како се чувствуваш после секоја завршена обука?

Задоволен од придонесот кој го имам направено да променам нечиј живот или кариера.

Жан Пол Сартр рекол: „Можеби некогаш ќе дојдат и подобри времиња, но само ова време е наше“.

Зошто ова е вистинско време за некој да се вклучи во нашиот тим Microsoft инструктори?

Затоа што тимот на Семос Едукација во партнерство со Microsoft ја задржуваат лидерската позиција во едукацијата на глобално ниво.

Доколку си професионално љубопитен, имаш експертиза во некоја IT област, сакаш да бидеш дел од големо, меѓународно семејство и да имаш можност за меѓународна кариера, Семос Едукација is the place to be.

Аплицирај на hr.semosedu.com и стани наш колега.