Крсте Москов Android Developer

Аndroid е најкористениот мобилен оперативен систем во светот, а побарувачката за квалификувани развивачи на Android е огромна

Развојот на Android апликации е во полн ек. Компаниите се во постојана потреба од Android девелопери кои ќе работат на подобрување на перформансите на постојните апликации и креирање на нови, додека потрошувачите се секогаш овде со потреба за нова апликација која ќе им го подобри секојдневието. За тоа колку оваа професија е популарна на пазарот на трудот и помеѓу IT елитата, поразговаравме со инструкторот од Летната менторска програма за Android developer – Крсте Москов.

Здраво КрстеЗа почеток да те запознаат нашите заинтересирани, убаво е да ни се претставиш...

Здраво друштво. Јас сум Крсте Москов, Senior Android developer со 5+ години искуство во развивање на Java и Android и 3+ години како Android инструктор во Семос Едукација. Покрај тоа, во моментов работам како Full-stack developer во компанијата Sourcio.

Кои се задачите на Android developer и колку е популарна оваа професија во моментов?

Главната одговорност на Android Developer е да развива апликации за уреди кои се базирани на оперативниот систем Android.
Палетата на уреди постојано се зголемува па затоа развивачот на Аndroid мора да обрне посебно внимание на компатибилноста на апликацијата со повеќе верзии на Аndroid и типови уреди.
Како развивач треба да имате страст да ги достигнете границите од мобилните технологии.

Аndroid уредите опфаќаат 85% од светскиот пазар на мобилни телефони. Моментално Аndroid фигурира како најактуелната мобилна платформа во светот (2.5 милијарди активни уреди). Ова им овозможува на бизнисите да достигнат поширока целна публика и да ја зголемат нивната свесност за брендот, а со самото тоа ви дава можност да се докажете како Аndroid developer.

Кои можности ги нуди оваа професија во светски рамки?

Преку оваа професија можете да остварите многу конкурентен приход и да изградите успешна кариера како развивач на Android апликации. Аndroid е сè уште најкористениот мобилен оперативен систем во светот, а побарувачката за квалификувани развивачи на Аndroid останува многу голема. Аndroid секојдневно се развива на сите платформи и моментално е доста актуелен во TV индустријата,  автомобилската  индустрија како и во паметните часовници. Сето ова ви отвора можности да  ги развиете вашите идеи на некоја поразлична платформа.

Што опфаќа Летната менторска програма за Android developer?

Летната менторска програма претставува еден интересен летен предизвик за изучување на Андроид. Обуката за Android Developer е составена од четири дела: Вовед во развој на Аndroid апликации; Развој на посовремени и комплексни Android апликации; Работа на реален проект под менторство и План и развој на кариера. Наменета е за сите оние кои сакаат да се запознаат со основите на објектно ориентираното програмирање, па подоцна со модерната мобилна платформа Android, како и за оние кои веќе имаат некакво познавање од објектно-ориентирано програмирање.

Што би им порачал на идните слушатели на оваа менторска програма?

Доколку имате сопствени идеи за мобилни апликации или сакате вашите тековни програмски познавања од други јазици да се насочите во развој на Андроид апликации, Летната менторска програма за Android Developer е вашиот сигурен избор. Преку интезивната обука, Семос Едукација ќе ви овозможи и работа на реален проект со поддршка од ментори. Во денешно време, Аndroid не е само на десетици илјади различни телефони и таблети. Тоj е на вашата рака, во вашата дневна соба, во вашиот автомобил и штом започнеме да доделуваме IP адреси на неживи предмети, ќе биде насекаде околу нас. Затоа искористете ја обуката да развиeте апликации и бидете дел на овој огромен пазар со големи играчи.

Најчеста мерка за успех е, се разбира, добрата заработка . Без разлика дали вашата апликација го прави тоа или не, мора да се обидете да ја остварите и верувајте ми на крајот ќе станете подобра личност.