Гала Насевска - студент на Академијата за UX дизајн

„Мој омилен дел од Академијата беше општествено одговорниот проект за СТРЕМЕЖ“

UX дизајнот завзема место како една од најкреативните и најдинамични професии во IT светот каде корисничкото искуство е во фокусот. Една од најуспешните студенти генерацијата 2020/21 е Гала Насевска, ентузијаст по природа, креативец и креатор на илустрации за поттикнување на еко свесноста. Во продолжение, на кратко за Семос Приказната на Гала.

Како започна твојата Семос приказна?

Мојата Семос приказна започна минатото лето, кога конечно решив да превземам храбар чекор и да се запишам на Академијата за UX дизајн. И покрај формалното правно образование, веќе некое време се занимавам со графички дизајн и креирање на илустрации за еко платнени торбички и текстил, со цел да го поттикнам секојдневното користење на реупотреблив текстил наместо пластични кеси. Токму поради ова, решив да го проширам знаењето за дизајн на корисничко искуство и да се поврзам со она што искрено го сакам.

Зошто Семос Академија за UX дизајн?

Ја одбрав оваа Академија бидејќи Семос Едукација е единствената акредитирана институција за реализација на програмата за UX дизајнер во државава и ја има најкомплетната програма пропратена со алатки кои им се најопходни на UX дизајнерите.  

Дополнително, нашата генерација имаше можност да работи на општествено одговорен проект за Стремеж - Здружение за поддршка на лица со наследни сензомоторни невропатии. Предавањата и разговорите со претставниците и менторите, оставија голем впечаток кај мене, а претпоставувам и кај останатите студенти, со тоа што пред сè, подобро се запознавме со секојдневието на лицата кои живеат со сензомоторни невропатии и воедно имавме и шанса да допринесеме за подобрување на нивните животи.

Сите слушатели имаат можност да полагаат за меѓународен Adobe сертификат во областа која ќе ја одберат, но и да научат многу за UX дизајнот од одличен тим на ментори.

Како Академијата ти го промени животот и што би им препорачала на сите што сакаат да се запишат на Академијата за UX дизајн во Семос Едукација?

На финалната презентација за СТРЕМЕЖ, кога ги презентиравме прототипните решенија за решавање на корисничкиот проблем,  добив највисоки оцени за мојата мобилна апликација во сите три фази на UX корисничкиот дизајн и од функционален и од визуелен аспект, што искрено ме мотивираше да продолжам да се надоградувам и како UX дизајнер, но и како графички дизајнер.

Бидете храбри и не отстапувајте од вашата цел и од тоа што навистина сакате да го работите, а ако тоа е UX дизајн, тогаш Академијата за UX дизајн е вистинскиот избор за вас.