Тестимонијал од родител: г-дин Игор Дукоски

Наставата во Детскиот Едукативен центар во Семос Едукација е на врвно нивно

Тестимонијал на Игор Дукоски, родител на Дамјан Дукоски

Што Ве мотивираше да го запишете вашето дете на IT курс?

Желбата на самото дете да се стекне со IT вештини ме мотивираше да истражувам, да се распрашам каде е најдобро Дамјан да оди на такви обуки. По добиени препораки од домашни пријатели, се одлучивме за Семос Едукација и со задоволство можам да кажам дека изборот беше и повеќе од добар.

Какво е Вашето досегашно искуство и задоволството од Детскиот едукативен центар на Семос Едукација?

Искуствата од соработката со Детскиот едукативен центар на Семос Едукација се одлични, исклучително позитивни. При мојата комуникација со персоналот, секогаш и навремено добивам точни информации, односот е супер професионален и истовремено пријателски.

Зошто би го препорачале Детскиот едукативен центар на  Семос Едукација?

Пред сè, би ги препорачал поради искрениот и професионален однос на персоналот, потоа поради тоа што очигледно наставата е на врвно нивно.

Како сте задоволни од онлајн наставата?

Онлајн наставата во услови на Ковид-19 криза е одличен, правилен избор. Дамјан вели дека не е голема разликата во однос на наставата со лично присуство. Во домашна атмосфера на своја работна единица, работните задачи поефикасно ги завршува.

Каков совет би им дале на родителите кои сакаат да инвестираат во знаењето и иднината на нивните деца во областа на IT вештините?

Советот е јасен: Поседувањето на IT вештини за новите генерации е новата писменост, така да инвестирањето во стекнувањето на истите е инвестиција во модерно описменување на вашето дете.

Игор Дукоски, родител на Дамјан Дукоски