Sample Solutions компанија ментор

Како компанија ментор, веруваме дека за време на менторската програма ќе се запознаеме со квалификувани кадри со желба за напредок кои подоцна би сакале да се вклучат во тимот на Sample Solutions

Во екот на Летните менторски школи, имавме краток разговор со компанијата Sample Solutions која ќе учествува со свој проект на програмата за Python back-end developer. Велат дека ќе се потрудат да им овозможат на слушателите на летната менторска програма да добијат слика како изгледа да се работи на даден проект, како дел од тим и во рамки на една компанија. Знаеме дека учесниците на летните менторски школи со нетрпение сакаат да се запознаат со компаниите ментори и да дознаат кои се очекувањата на овие компании за тоа кои вештини треба да ги поседува потенцијалниот кандидат за пракса или вработување.

Кажете ни повеќе за Sample Solutions? Што е она што Ве издвојува од другите компании?

Тим од млади професионалци кои веруваат дека знаењето започнува од љубопитноста, натпреварот нè прави побрзи, додека соработката подобри. Само упорноста и амбициозноста нè водат до успех и се водиме по тоа дека само со меѓусебно помагање и мотивирање, секој од нас може максимално да го искористи својот потенцијал.

Она што нè прави посебни е дефинитивно шансата за соработка која ја даваме на self-taught луѓе и сите оние кои би сакале да направат промена во кариерата, oд каде доаѓа и интересот да бидеме дел од оваа менторска програма.

Нешто што најмногу се цени а проактивноста и желбата за учење и напредување кои ни се од поголема важност од стекнатото работно искуство и соодветното образование за конкретната позиција.

Прва година се приклучувате на нашата менторска програма за Python back-end developer. Што очекувате од истата и кои се бенефитите за Вас како компанија?

Задоволство ни е да соработуваме со Кариерниот центар на Семос Едукација со кој имаме иста цел, а тоа е на слушателите да им обезбедиме можност за работа на реален проект каде што би можеле да го применат стекнатото знаење, а воедно и да им овозможиме едно ново искуство со кое полека ќе можат да се вклучат во работните обврски. Исто така, ќе се потрудиме слушателите да добијат слика како изгледа да се работи на даден проект, како дел од тим и во рамки на една компанија.
Како компанија ментор, веруваме дека за време на менторската програма ќе се запознаеме со квалификувани кадри со желба за напредок кои подоцна би сакале да се вклучат во тимот на Sample Solutions.

Python во последните години се здоби со поголема популарност од кога и да било. Зошто станува се популарен?

Python со причина ја доби титулата на најпопуларен програмски јазик. Неговата популарност пред сѐ се должи на лесната синтакса која го прави доста лесен за совладување и е само една од причините зошто е одличен за почетници. Широката примена во различни области е само уште еден доказ за неговата флексибилност, универзалност и сестраност. Се користи за секаков тип на системски операции, автоматизација, cloud based solutions, web development, како и за анализа на податоци, Data Science, IoT, Машинско учење (Machine Learning), Вештачка интелигенција (AI) итн. Колку неговиот спектар на примена е широк, говори фактот што се користи не само во малите, туку во и огромните компании како Google, IBM, Nokia и Facebook. Дури и системот за автоматизација на работниот тек (WAS) за NASA е напишан во Python.

Каков совет би им дале на сите кои што сакаат да се вклучат во нашата менторска програма?

Од многуте различни програмски јазици на располагање, сте го направиле вистинскиот избор. Зошто? Затоа што Python е јазикот на иднината. Можностите за кариерен развој се огромни и секојдневно има потрага по кандидати со искуство и вештини токму во Python. Покрај тоа, можностите за автоматизација на процеси и секојдневни обврски се огромни. Дури и обичната кафе машина може да стане паметна и секое утро во 8 часот да прави кафе наместо вас со помош на неколку линии код, звучи одлично нели?

За крај кои вештини треба да ги поседува потенцијалниот кандидат за пракса или вработување?

Главните виновници за појавата на сѐ поиновативни и покорисни апликации и сервиси се токму девелоперите. Затоа една од есенцијалните карактеристики кои треба еден кандидат да ги поседува е истражувачкиот mindset. Доколку тоа го поседува, стекнувањето на нови вештини ќе оди прилично брзо и лесно. Едни од најважните вештини, покрај ентузијазмот и адаптивноста кои претставуваат основа за понатаму се и техничките вештини во областа на version control, agile development и task management. Во Python еко-системот неминовно е познавањето на core функциите, податочни структури, основни библиотеки за работа, database knowledge, ORM библиотеки, дополнително APIs, microservices и OS virtualization concepts и секако пишување на јасен и читлив код.