Васил Чачев System Administrator

90% од работите кои ги осознав на курсот во Семос Едукација, ги среќавам во секојдневната обука

Една од успешните приказни е и таа на младиот и амбициозен Васил Чачев, кој покажа посебен интерес на обуката за System Administrator во Семос Едукација. Нашиот тим го препозна квалитетот, што резултираше со регрутација на Васил како практикант во нашиот Тренинг центар. Поразговаравме со него за искуството со обуката за System Administrator која ја посетуваше во Семос Едукација.

Зошто Семос Едукација?

Поради 25-годишното искуство во полето на спроведување курсеви и сертификации за Microsoft сервисите, особено во делот на системската администрација. Исто така поради одличниот фидбек од страна на бројни познаници кои посетувале обуки во Семос Едукација, благодарение на кои стекнале соодветно знаење за професиите со кои се занимаваат денес.

Кој е најдобриот совет што го слушна во Семос Едукација и дали го пренесуваш на други?

На проблемот треба да му се пристапи директно и внимателно да се изготви план за негово решавање, смирено, без брзање, страв или паника. Секогаш да се очекува позитивен исход од работата, а тоа ти дава дополнителна мотивација да работиш на нештото до постигнување перфекција.

Како одлучи да станеш System Administrator?

Интересот и љубопитноста за тоа како функционира компјутерската и мрежната инфраструктура воопшто, беа пресудни за се одлучам за System Administrator.

Колку обуката во Семос Едукација ти помогна во она што денес го работиш?

Обуката во Семос едукација всушност беше клучна во тоа што денес го работам. Практично, 90% од работите кои ги осознав на курсот, ги среќавам и во секојдневната работа како System Administrator.

Која беше улогата на Кариерниот центар во отпочнување на твојата кариера?

Улогата на Кариерниот центар беше почетна точка во мојата кариера со оглед на тоа што Кариерниот центар беше директно инволвиран во комуникација со потенцијални работодавци во поглед на System Administration како професија.

Од што си фасциниран во моментов и како тоа го вклопуваш во работата?

Задоволен сум пред сè од одличниот курс спроведен од страна на предавачот Мартин Димовски кој ми пренесе искуства, а со тоа ме подготви за предизвиците кои следат од работата како System Administrator.

Каков совет би им дал на оние кои моментално бараат работа како System Administrator?

Во работата како System Administrator проблемите се честа појава. Некогаш поголеми некогаш помали. Советот кој најмногу го научив при обуката од Семос едукација го применувам, а воедно и го пренесувам, а тоа е дека на секој проблем треба да се пристапи смирено, без паника и страв.