AI во креативната индустрија

Зошто креативците би сакале да користат вештачка интелигенција?

Во моментов, најактуелна тема во креативните индустрии е вештачката интелигенција и револуцијата во работата која таа ја носи. Во последните неколку години, главните имиња во овие индустрии прават длабински анализи за процесот на работа на секој професионалец, а заклучоците се секогаш исти: потребна е вештачка интелигенција за олеснување и забрзување на работата. Едно од најголемите истражувања, направено од Adobe, 70% од креативците трошат време на репетитивни задачи како што се менување на големини или форматирање на текст. Според нив, креативците можат да заштедат дури 50% од ова време со користење на АИ алатки за автоматизирање.

Некои од другите компании кои се исто така посветени на оваа тема се Sketch, Figma и Canva. Во анкета направена од Sketch, 62% од дизајнерите одговориле дека репетитивните задачи им трошат најмногу време, а користејќи ја „Smart Distribute“ АИ алатката на Sketch заштедуваат 4 часа неделно, што е половина работен ден! Алатката на Figma наречена „Auto-layout“ која работи со АИ пресметки, крати 30 минути од времето за дизајнирање и „Magic Resize“ АИ алатката на Canva крати 40% од времето за уредување.

Сите компании во креативната индустрија се стремат кон развој на својот дијапазон од алатки поткрепени од вештачка интелигенција. Но не се само тие, туку со работа започнуваат и многу нови компании фокусирани исклучиво на приближување на вештачката интелигенција до креативните процеси. Главната намена на вештачката интелигенција е да скрати часови неделно кои креативците ги губат на обврски коишто компјутерот може да ги заврши за секунди. Освен заштедата на време, овој блог нуди и други корисни аспекти кои се одговор на прашањето: Зошто ти како креативец би сакал да користиш АИ при работа?

Заштедува време

Постојат повеќе начини на кои вештачката интелигенција го штеди твоето време при осмислување и креирање содржини.

Најпопуларна во моментов е генеративната вештачка интелигенција. Таа создава реалистични содржини- слики и текстови, според барања внесени од дизајнерот. Првиот чекор е дизајнерот да ѝ напише барање на АИ програмата со целосно објаснување што сака делото да содржи. Бидејќи вештачката интелигенција е научена да поврзува текстуални описи со веќе постоечки слики, таа знае како да создаде ново дело кое одговара на барањата. Вообичаено, детали од овие дела треба дополнително  да се уредат за целата композиција да биде усогласена, но тоа одзема значително помалку време од самостојно креирање од почеток до крај.

Понатаму, вештачката интелигенција е од огромна корист на уметниците кои својот креативен процес го започнуваат правејќи скици. Со внесување на скици и готови примери во АИ софтверот, истиот се адаптира усвојувајќи го стилот на дизајнерот. Ова придонесува АИ софтверот да е способен да препознае што сака дизајнерот да нацрта за да го надополни или доврши. Уште повеќе, програмите можат да ги разубавуваат скиците и да ги унапредат во целосен цртеж.

Следењето на стилот многу често се применува и во дизајнот на брендот - програмите се приспособени да ја препознаат тематиката која бизнисот ја применува во своите материјали. Ова значи дека вештачката интелигенција може брзо да креира нови реклами, елементи, позадини и секаков маркетинг материјал кој е во согласност со изградената слика за брендот задржувајќи ги боите, стилот и содржината.

За фотографите и сите оние кои работат со фотографии вештачката интелигенција овозможува острење на сликите, отстранување фигури, подобрување на осветлувањето, автоматско уредување на светлината и контрастот и уште многу други опции.

За крај, огромен дел од работните обврски како што се сечење и дополнување, менување на облик и големина, промена на бои, отстранување или додавање на елементи и уредување, се автоматизирани со новите АИ алатки со кои се дополнети популарните програми за дизајнери.  Препуштањето на компјутерот да ги реши сите овие нешта за тебе ќе ти остави повеќе време за уживање и фокусирање на развој на креативната замисла.

Пониски цени

Вештачката интелигенција дозволува создавање различни содржини кои не се наплатуваат. На овој начин со користење на АИ можеш да добиеш различни креативни решенија по пониски цени. Уште повеќе, програмите базирани на вештачка интелигенција освен што ти заштедуваат време, тие заштедуваат и пари така што компјутерот завршува дел од работата која инаку би била наплатена.

Друг трошок кој веднаш се крати се сите stock фотографии и лиценци кои инаку би требало да ги купиш ти или твојата фирма, зашто во спротивно се загрозуваат авторски права. По тоа прашање, во 2022 година, анкета од Venngage дошла до заклучок дека најкористената визуелна содржина е оригинална графика со дури 36,4% од гласовите. Покрај ова, други одговори биле stock фотографии, видеа и презентации, табели и гифови и анимации. Овој тренд ќе продолжи да расте со оглед на леснотијата и цената по која може да се создаваат оригинални визуелни содржини.

Вештачката интелигенција знае најдобро

АИ програмите ги следат твоите стил и навики и затоа тие секогаш знаат која верзија од креацијата најмногу одговара. Можностите кои ги нудат се избор на бои, подесување на соодветни нијанси кои одговараат на композицијата, сечење на сликата или фокусирање на битни делови. На овој начин АИ ти помага со изборот што пасува најдобро според искуството.

Од друга страна, уште пофасцинантна е можноста која АИ ја нуди за пробување нови нешта и истражување на различни стилови. Програмите се во тек со новитетите во креативната индустрија и имаат испроцесирано неверојатно голем број креации, стилови, филтри и уникатни одлуки, па затоа со едно копче имаш пристап да ги испробаш сите овие промени и да откриеш што тебе најмногу ти се допаѓа.

Зголемена заинтересираност за твоите содржини

Вештачката интелигенција е последниот бум во светот и креациите кои се подготвени за неа привлекуваат значително внимание кај јавноста. А за заинтересираноста да се подигне на уште повисоко ниво, АИ алатките ги следат сите клучни информации за активноста на твоите клиенти. Под активност се подразбира кои креации привлекуваат најмногу внимание, кои најдолго го задржуваат истото и кои се сосема непривлечни за определени категории на клиенти. Ова следење на состојбата овозможува ти како дизајнер и креативец да си поуспешен во освојување на твојата публика, како и нејзино задржување.

Забава!

Освен што е од огромна корист, вештачката интелигенција е извор на инспирација и простор за експериментирање. Со само неколку притискања на копче може да создаде стотици различни решенија, да испроба нови идеи, да преточи идеи во решение или да промени стил.

Да се биде во тек со трендовите е еден клучен аспект од работата на секој во креативната индустрија. Во овој случај следење на трендот овозможува поголема активност на публиката, помало време за работа, повеќе начини за создавање и многу интересни содржини. Користењето на АИ за креативците е светла точка во иднината, а за побрзо да се приклучиш и ти на трендот, можеш да научиш како да ги применуваш АИ алатките на курсот кој го нудиме Designing with AI

Извори:

  • 6 Ways Artificial Intelligence will Affect Design in the Years to Come

https://rockcontent.com/blog/artificial-intelligence-design/

  • 6 Ways AI Design Can Help Enhance Your Design Practice

https://starryai.com/blog/6-ways-ai-design-can-help-enhance-your-design-practice

  • How AI Technology Will Transform Design

How AI Technology Will Transform Design — Smashing Magazine

  • AI in Graphic Design: Benefits and Caveats

https://www.bluehost.com/blog/ai-in-graphic-design/#What_is_AI_in_graphic_design

  • Understanding the future impact of AI on the design industry

https://bootcamp.uxdesign.cc/understanding-the-future-impact-of-ai-on-the-design-industry-e6a428d84308

  • Bridging Human Creativity with AI Tools in Experience Design

https://www.linkedin.com/pulse/bridging-human-creativity-ai-tools-experience-design-jerlyn-o-donnell/

  • 16 Visual Content Marketing Statistics to Know for 2022 [Infographic]

https://venngage.com/blog/visual-content-marketing-statistics/