Добредојдовте во новиот свет

Добредојдовте во новиот свет 

Виртуелната и аугментираната реалност како концепти не с е нешто ново. Се воодушевувавме на Холодекот  уште во старите Star Trek сезони, сите сакавме да работиме на работната маса од Том Круз во Minority Report , а најнов пример e филмот на Стивен Спилберг Ready Player One кој што и те како сурфа на се поголемиот бран загреаност за овие технологии. А она што е интересно е дека како технологија виртуелната реалност е постара и од нејзината претстава во филмовите. Најстарата VR технологија датира уште од 60-тите години на минатиот век, и тивко се развива веќе 60 години. 

Но овие две технологии одсекогаш имале два проблеми кои што ја спречувале да биде масовно произведувана: достапност и реалистична депикција. Долго време беа гледани како ништо повеќе од интересна занимација, но сепак слепа улица во однос на корисност и профитабилност. То ест се до денес. Сега имаме веќе десетина производители на компактни, моќни направи што произведуваат реалистична слика и звук и ве внесуваат во нов свет додека трепнете, на пример Oculus, HTC, Sony, Nintendo, а најнов конкурент им е гигантот во гејминг индустријата Valve со нивниот Valve Index.  

Со други зборови: доаѓам Нео! 

Сега не само што е правиот момент просечниот корисник да почне да ужива во оваа несомнено револуционерна технологија, туку е правото време да се приклучи и како автор на алатки, игри, сцени, едукативни материјали, и какви ли не други интерактивни содржини направени за виртуелната реалност. Моментумот на оваа технологија достигнува незапирлива сила. Сите индустрии бараат начин како да го вклопат VR-от во „производната лента“ знаејќи дека мораат да одржат чекор со времето и технолошките трендови ако сакаат да останат релевантни. Индустријата за видео игри како најпознатата примена за VR е само врвот на сантата мраз . Медицината, автомобилската, дизајнерската, филмскатата индустрија: сите можат, сакаат, и ќе се подобрат со алатки направени за новиот медиум. 

Светот веќе ја избриша прашината од VR и AR. Дали вие сте спремни да ја земете црвената пилула и да стапнете во новиот свет? 

 

Aвтор: 

Aleks

Aлександар Русески, 

Unity Certified Instructor