Вештачка интелигенција

Вештачка интелигенција – пат кон иднината

Живееме во време кога можностите за создавање на вештачки ум и машини кои работат и реагираат како човечки суштества се актуелизирани, спроведени,  и значително го менуваат секојдневието и светот околу нас. Децении наназад популарната култура низ форми на стрипови и филмови ни го пласира изгледот на вештачката интелигенција, а кинематографијата буквално на сите ни го објасни овој поим, кој во седумдесетите и осумдесетите години од минатиот век изгледаше како невозможна научна фантастика. Сетете се само на филмските ремек дела Blade Runner, 2001 Space Odyssey, Star Wars, па се до совршенството на Matrix и уште многу други, кои визионерски ни ја претскажува иднината за развивање и употреба на вештачка интелигенција уште пред 40 и 50 години.  Она што некогаш се сметаше за ирационално и невозможно, денес се повеќе станува секојдневие. И допрва ќе станува.

Примена на вештачката интелигенција

Настрана од филмовите и идеите, вештачката интелигенција за прв пат била реално применета уште поодамна, за време на Втората светска војна, кога познатиот математичар и декодер Alan Turing изработил компјутер кој ќе решава даден проблем, во конкретниот случај – ќе испитува комбинации на кодирани пораки на германската морнарица додека не дојде до точното решение. Тој успеал да ја декодира германската Енигма, која до тогаш се сметала за непобедлива. Alan Turing денес важи за татко на вештачката интелигенција.

Благодарение на научните достигнувања во проучувањето на вештачката интелигенција и машинското учење, денес идејата за компјутер кој во потполност или делумно ќе може да ја замени човечката интелигенција е реална и веќе достижна. Едно  е сигурно: Оваа идеја го менува светот, првенствено менувајќи го работењето во многу, веќе дигитализирани индустриски гранки како здравството, финансиите, автомобилизмот, транспортот, образованието, бизнисот и др. Поради тоа, научната и стручната јавност на денешницата, како и други докажани светски бизнисмени и ИТ експерти гласно го изразуваат своето мислење за сите промени и идни насоки на развитокот на вештачката интелигенција. Elon Musk и неодамна починатиот брилијантен ум на нашето време Stephen Hawking беа согласни дека доколку развојот на вештачката интелигенција не се контролира, може да дојде до катастрофални последици над човештвото. Од друга страна Bill Gates и Mark Zuckerberg не се сложуваат со нивното мислење, туку во развојот на вештачката интелигенција гледаат бесконечен потенцијал. Одговор на оваа дилема ќе ни даде иднината.

Постанете Certified Artificial Intelligence Practitioner

Подемот на вештачката интелигенција и машинското учење е загарантиран, а со тоа и потребата за програмери обучени во овие области. Компјутерските програмерски кодови го движат светот. На Академија за вештачка интелигенција сите заинтересирани програмери ќе се запознаат со комплексноста на алгоритмите кои ги прават компјутерите попаметни од кога било досега. За изучување на проблематиката на вештачката интелигенција и машинското учење потребно е претходно високо образование од полето на компјутерската наука, математиката или сродни науки.

Денес најголемите и најпознатите компании од бројни индустрии во светот вработуваат програмери специјализирани за вештачка интелигенција, а моментално најбарани професии од оваа област се инженер по машинско учење, data scientist, business intelligence developer, research scientist, big data инженер и др.