Семос Едукација и AI

Поради брзината со која се развиваат иновациите во светот, од секоја страна добиваме нови термини и нова технологија што причинува потешкотија да се биде во тек со сите иновации. Најактуелната новост моментално е вештачката интелигенција. Многу прашања произлегуваат поради нејзиното брзо ширење низ сите професии и затоа, ние во Семос Едукација, одлучивме сите наши знаења да ги споделиме со тебе за да и ти се служиш со вештачка интелигенција и да ги користиш предностите од нејзината употреба.

Вештачката интелигенција или artificial intelligence (АИ) на англиски јазик, е склоп на математички системи и компјутерски програми кои анализираат податоци. Тоа се равенки споени во алгоритам во кои се внесуваат вредности од база на податоци. Равенките ги преработуваат вредностите и од преработката вадат заклучоци за определени критериуми. Критериумите и алгоритмите ги прилагодува таканаречен администратор на машината (компјутерот) во зависност од потребите. Понатаму, сите овие заклучоци компјутерот ги зачувува како стекнато искуство во процес наречен машинско учење (machine learning). Во иднина, корисниците можат на машината да ѝ поставуваат прашања со нови вредности, а таа ќе одговара според знаењето кое го стекнала при машинското учење. Со ова добиваме машина која учи од своето искуство: колку повеќе информации и прашања се вметнати при машинското учење - толку попрецизни одговори ќе создава системот.

Оваа иновативност може да биде истренирана за било какви потреби и во секоја област, па затоа се повеќе компании се стремат да ја користат за олеснување и подобрување на работата на своите вработени. Со вештачка интелигенција може да се работи на два начини:

  • Преку истакнување како АИ специјалист кој ќе работи на развој и одржување на АИ системи или
  • Со имплементација на веќе готови АИ алатки во своето работно секојдневие.

Тимот на Семос Едукација подготвуваме низа на настани со кои можеш да ги истражуваш АИ можностите без да поседуваш техничко предзнаење, односно како да примениш АИ алатки наменети за твојата професија. Во следниот период очекувај едукативни текстови, бесплатни вебинари и спектар на обуки кои ќе се фокусираат на најновите апликации за олеснување на твојата работа! Дел од содржините, како оние за сите креативци, се веќе најавени, но уште голем дел следуваат во претстојните месеци.

Од друга страна, кога станува збор за оние кои се наклонети кон технологиите, Семос Едукација објави три различни обуки - за секое посакувано ниво на стручност. Прва во распоредот е летната менторска програма AI Ready.

AI Ready е менторска програма која се одржува ова лето во Семос Едукација. Таа го покрива целиот потребен материјал за сите оние кои се желни да запловат во водите на АИ софтвер, без притоа да е потребно претходно знаење. Содржината е составена од четири модули:

  • Python,
  • Основни математички концепти,
  • Основи на АИ и машинско учење и
  • PyTorch.

Содржината ги подготвува слушателите чекор по чекор да создаваат сопствени АИ решенија. На почетокот се учи програмскиот јазик Пајтон, најкористениот програмски јазик за АИ системи во светот. Понатаму, вториот модул обрнува внимание на математичката позадина потребна за обработка на податоци, и осмислување алгоритми кои би биле кодирани во Пајтон. Во предметот основи на АИ и машинско учење се разгледуваат теоретските и практичните аспекти на АИ моделите преку примери. Овој предмет нуди увид за сите примени и соодветни теми за АИ решенија на бизнис задачи од различен карактер. За крај, знаењето на PyTorch овозможува разбирање на напредни невро мрежи, па служи како отскочна штица за слушателите да ја надминат својата конкуренија на пазарот на труд. По завршувањето на оваа програма, слушателите би можеле да имплементираат и ажурираат АИ софтвер во било која компанија, или би можеле да продолжат да се надградуваат до ниво на специјалист или експерт.

Во случај желбата да ти е надградување на знаењата, Семос Едукација разви целосна академија која започнува во септември. Таа е наменета за слушателите кои сакаат да станат меѓународно сертифицирани АИ експерти. Академијата трае повеќе месеци и по нејзиното завршување, титулата со која се здобиваат студентите е на високо професионално ниво. Ако веќе работиш во областа на технологиите и би сакал само да го надградиш своето знаење, и да се стекнеш со сертификат за специјалист имаме опција и за тебе!

Последниот курс од склопот на академијата: Certified Artificial Intelligence Practicioner (CAIP) е издвоен и може да се слуша посебно. Засебниот курс подразбира претходно техничко познавање кое инаку би се стекнало на академијата.

Што следно? АИ тимот на Семос Едукација е посветен на доближување на новините и примените на АИ до сите кои се љубопитни за најновите технологии во светот, како и за оние кои би сакале да ги разбијат монотонијата и стресот во својата професија. Следи ја нашата страна за да си во тек со блогот, бесплатните вебинари и обуките, или обрати ни се на ai@semos.com.mk за да споделиш мислења и прашања!