Employee Experience

Скопје
Аплицирај
Почеток на курсот
10 Мај 2024
Број на часови
60
Цена на курсот
47.900 МКД

Employee Experience

На овој курс ќе научите како Employee Experience (EX) да биде Ваш пристап во работа, да биде алатка со која позитивно ќе влијаете на организациската култура и на целата ваша организација. Ќе добиете одговори зошто оваа тема е важна и сѐ поголем број на организации ја ставаат во фокусот на своето делување. Ќе научите како да го креирате патувањето на вашите вработени низ сите фази кои ги поминува еден вработен, почнувајќи од процесот на привлекување па се до прекинување на соработката со вработениот, кој може да го испратиме и да биде бренд амбасадор на организацијата.

За кого е наменет курсот

Овој курс е наменет за HR професионалците односно за оние кои работат во HR оддел или пак сакаат да ја градат кариерата во таа насока. Сите оние кои своето знаење во HR сакаат да го надоградат и подобрат преку имплементирање на нови, креативни алатки.


Содржина на курсот

  • Зошто е важна имплементацијата/постоењето на Employee Experience?
  • Што е Employee Experience и која е разликата со Employee Engagement?
  • Како да го следиме/мериме Employee Experience?
  • Креирање на патување за вработените согласно фазата во кој што се наоѓаат
  • Привлекување на кандидати и регрутација
  • Onboarding и Employee Experience
  • Ангажираност на вработени и нивен развој
  • Подобрување на ангажираноста на вработените (Employee Engagement) преку Employee Experience (EX)
  • Design Thinking методологиja како алатка до подобро Employee Experience
  • Offboarding

Разбирање на потребата за донесување на подобри бизнис одлуки засновани на претходно искуство на вработените во организацијата. Креирање на високо продуктивна и позитивна работна средина. Зголемена мотивираност и ангажираност на вработените, а со тоа зголемена стапка на задржување на вработени во организацијата и нејзино растење.

Лице за контакт

Анета Секуловска
Business Development Executive
+389 70 357 591, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

Основни до напредни познавања во областа на човечки ресурси.

Материјали за курсот

Презентација и препорачана литература.

Зошто оваа обука?

Фокусирањето на созадвање на средина каде вработените ќе можат да се развиваат, напредуваат води кон создавање на цврст бренд на пазарот каде е самата организација. Имплементирањето на Employee Experience е клучно за развојот на позитивна и високо продуктивна работна средина, каде вработените ќе бидат мотивирани, ангажирани и препознаени. Employee Experience се повеќе зазема клучно место и нешто на што компаниите, коишто во свој фокус ги имаат вработените, посветуваат внимание. Ако сте вие дел или сакате да бидете дел од една од нив, ве очекуваме!

Диплома за завршена обука

Начин на плаќање

  • Уплата на фактура