Аналитики во човечки ресурси

Скопје
Аплицирај
Почеток на курсот
16 Ное 2024
Број на часови
20
Цена на курсот
16.068 МКД

Аналитики во човечки ресурси

На овој курс ќе научите кои се изворите, концептот и техниките за собирање на податоци поврзани со човечкиот капитал. Ќе ја разберете потребата за донесување на подобри бизнис одлуки, стекнување основни аналитички вештини и нивна примена, засновани на претходна аналитика на податоци. Идентификување и креирање HR метрики и KPI’s во насока следење на сите процеси во HR одделот. Користење модели на предиктивна аналитика, односно модели за предвидување на идни можни сценарија и случувања во доменот на HR.

За кого е наменет курсот

Овој курс е наменет за HR професионалците односно за оние кои работат во HR оддел или пак сакаат да ја градат кариерата во таа насока.

Во последните две декади електронско-информатичката револуција предизвика глобални и драстични промени во сите сфери на бизнис делување. Сведоци сме како функцијата - управување со човечки ресурси еволуира во чекор со технолошкиот напредок и  притоа се соочува со огромно количество на податоци, на сметка на корисна и важна информација која ја има сè помалку.
Овие трендови и предизвици им овозможуваат на HR професионалците огромен потенцијал и можност да применат аналитика на податоци во нивниот домен на делување.


Содржина на курсот

  • Основи на аналитика на податоци и применета во областа на човечките ресурси
  • Еволуција и нивоа на HR аналитика
  • Дефинирање на процес и креирање на организациска стратегија за примена на HR Аналитика
  • Собирање на податоци поврзани со човечкиот капитал: извори, концепт и техники
  • Вовед во Дескриптивна аналитика
  • Идентификување и креирање на HR Метрики
  • Вовед во Предиктивна аналитика
  • Техники за визуелизација на податоци и креирање интерактивни (динамични) извештаи
  • Презентација на интерактивни (динамични) извештаи
  • Разбирање на потребата за донесување на подобри бизнис одлуки засновани на претходна аналитика на податоци.
  • Стекнување основни аналитички вештини, кои претставуваат предуслов за успешна примена на HR аналитика
  • Анализирање на организациска потреба, и одбирање соодветно ниво на аналитика кое би водело до потенцијално најголема бизнис вредност
  • Препознавање на предизвиците пред кои стои HR функцијата во делот на аналитика на податоци во современи услови
  • Креирање стратегија и акциски план во насока примена на HR аналитика во организацијата
  • Идентификување и креирање HR метрики и KPI’s во насока следење на: ефективноста на HR функцијата, HR одделот, човечкиот капитал во организацијата, неговите карактеристики и однесувања, како и успехот на целокупната  организацијата.
  • Применување функции и изработка на основна дескриптивна HR аналитика во Excel;
  • Користење Pivot Табели при трансформирање на податоци во визуелизации и изработка на интерактивни/динамични извештаи во Excel
  • Аализирање, интерпретирње и презентирање на динамични извештаи.
  • Развивање и користење модели на предиктивна аналитика, односно модели за предвидување на идни можни сценарија и случувања во доменот на HR.
  • Запознае со софтверски алатки за моделирање и предвидување на податоци базирани на вештачка интелигенција, со фокус на превенирање и намалување на доброволниот одлив на кадри од организацијата.

Лице за контакт

Анета Секуловска
Business Development Executive
+389 70 357 591, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

Основни до напредни познавања од Excel.

Материјали за курсот

Презентација и препорачана литература.

Зошто оваа обука?

Аналитиката на податоци од областа на човечките ресурси како еден аспект од бизнис-аналитиката подразбира широка употреба на статистички, квантитативни анализи и моделирања на податоци, се со цел донесување на подобри одлуки и управување со релевантни факти и сознанија поврзани со човечкиот капитал.

Аналитиката на човечкиот капитал е иновација во менаџментот на човечки ресурси, односно тоа се активности и практики дизајнирани да обезбедат поголема вредност за организацијата преку добивање на значајни информации за процесите на менаџментот со човечки ресурси, однесувањата на вработените и целокупниот организациски успех.

Диплома за завршена обука

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата на фактура