Блог постови
за Artificial Intelligence

Скопје
Аплицирај

Семос Едукација и AI

Поради брзината со која се развиваат иновациите во светот, од секоја страна добиваме нови термини и нова технологија што причинува потешкотија да се биде во тек со сите иновации. Најактуелната новост моментално е вештачката интелигенција. Многу прашања произлегуваат поради нејзиното брзо ширење низ сите професии и затоа, ние во Семос Едукација, одлучивме сите наши знаења да ги споделиме со тебе за да и ти се служиш со вештачка интелигенција и да ги користиш предностите од нејзината употреба.

Вештачката интелигенција или artificial intelligence (АИ) на англиски јазик, е склоп на математички системи и компјутерски програми кои анализираат податоци. Тоа се равенки споени во алгоритам во кои се внесуваат вредности од база на податоци. Равенките ги преработуваат вредностите и од преработката вадат заклучоци за определени критериуми. Критериумите и алгоритмите ги прилагодува таканаречен администратор на машината (компјутерот) во зависност од потребите. Понатаму, сите овие заклучоци компјутерот ги зачувува како стекнато искуство во процес наречен машинско учење (machine learning)... повеќе

AI во креативната индустрија

Зошто креативците би сакале да користат вештачка интелигенција?

Во моментов, најактуелна тема во креативните индустрии е вештачката интелигенција и револуцијата во работата која таа ја носи. Во последните неколку години, главните имиња во овие индустрии прават длабински анализи за процесот на работа на секој професионалец, а заклучоците се секогаш исти: потребна е вештачка интелигенција за олеснување и забрзување на работата. Едно од најголемите истражувања, направено од Adobe, 70% од креативците трошат време на репетитивни задачи како што се менување на големини или форматирање на текст. Според нив, креативците можат да заштедат дури 50% од ова време со користење на АИ алатки за автоматизирање.

Некои од другите компании кои се исто така посветени на оваа тема се Sketch, Figma и Canva. Во анкета направена од Sketch, 62% од дизајнерите одговориле дека репетитивните задачи им трошат најмногу време, а користејќи ја „Smart Distribute“ АИ алатката на Sketch заштедуваат 4 часа неделно, што е половина работен ден! Алатката на Figma наречена „Auto-layout“ која работи со АИ пресметки, крати 30 минути од времето за дизајнирање и „Magic Resize“ АИ алатката на Canva крати 40% од времето за уредување...повеќе

15 примени на АИ во образование

15 начини да се примени АИ во училиштата за учениците, професорите и администрацијата

Во моментов, актуелна тема кај учениците насекаде е употребата на програми со вештачка интелигенција како помош при завршување на училишните обврски. Јавниот фокус е насочен кон што можат апликации како ChatGPT да направат за учениците, но постојат многу повеќе примени кои ја олеснуваат работата и на професорите, администрацијата и институциите. Прочитај 15 начини како вештачката интелигенција може да послужи за подобро образование и поедноставен образовен процес...повеќе

Кои се најновите, најплатените професии во АИ?

Секоја нова технологија и секој нов изум влијаат на начинот на кој работните обврски се извршуваат. Всушност тоа е и целта на технологијата, да го унапредуваат и олеснуваат секојдневниот живот, а тој секако ги вклучува и работните обврски. Вештачката интелигенција е една од последните новости и најшироко применлива, како во секојдневието така и во работата. Уште повеќе, таа отвора голем број на работни можности во ИТ светот кои се добро платени. Доколку си заинтересиран својата кариера да ја насочиш кон вештачка интелигенција, твојата идна професија можеш да ја одбереш од следните: линк

Речник за вештачка интелигенција

Најновите професии во АИ