AI Ready

Скопје
Аплицирај
Почеток на курсот
17 Јун 2024
Број на часови
123
Број на пакети
1
Цена на курсот
1.295 ЕУР

AI Ready

Вештачката интелигенција е научна дисциплина која го покрива истражувањето, креацијата и оперативните активности на машинската интелигенција. Или подобро кажано, вештачката интелигенција е дисциплина во која машините учат да ја манифестираат човечката интелигенција.

Апликации кои се базирани на вештачка интелигенција вклучуваат: напредни веб пребарувачи (пример: Google), системи за препораки (користени од YouTube, Amazon и Netflix), разбирање на човечки говор (како на пример Siri и Alexa), самоуправувачки возила (пример: Tesla), автоматизирано носење на одлуки и натпреварување на највисоко ниво во стратешки системи за игра (како шах или Go).

Вештачката интелигенција го трансформира општеството и економијата и овие професионалци се барани на пазарот. Овие вештини и сертификати ќе ви помогнат да ја развиете вашата кариера во вештачката интелигенција.

МодулЧасови
Python for AI 42
Mathematical Foundation for AI and Мachine Learning 4
Artificial Intelligence and Machine Learning Fundamentals 32
Applied Deep Learning with PyTorch 16
Работа на реален проект 20
Планирање и развој на кариера 9
  • Python програмскиот јазик кој според многу истражувања, не само што е најпопуларниот програмски јазик на денешнината, туку тој најчесто се користи во развојот на вештачката интелигенција. Одличен пример е CHAT GPT кој е креиран со помош на python. Неговата интуитивност е предност во учењето, а големата заедница на програмери кои го користат е привилегија.
  • Основите на вештачка интелигенција и машинско учење ќе ве воведат во полињата на примена на вештачката интелигенција и ќе ве подготват за практицирање на алгоритмите со кои се креираат моделите на машинско учење.
  • Учејќи ја синтаксата и примената на PyTorch ќе разберете како да решите одредени проблеми користејќи deep learning решенија.

Лице за контакт

Борјанчо Мицевски
Раководител за бизнис развој на балкански регион
+389 75 345 258 +389 78 306 647
  • Научи ја важноста, принципите и полињата на примена на вештачката интелигенција
  • Опреми се со технички вештини за примена на машинско учење кои се едни од најбараните денеска
  • Вештачката интелигенција е професија на иднината, биди подготвен со техничко знаење за поголема конкурентност на пазарот на трудот
  • Детална програма без претходно знаење за AI која те подготвува за влез во светот на Python, machine learning и deep learning
  • Меѓу ТОП 10 вештини за 2023 се вбројува и технолошката писменост, со AI ready програмата си подготвен за учество во развој на врвни технолошки достигнувања кои ја вклучуваат вештачката интелигенција во својата основа

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура