Rising star of the week Андреа Јосифова, веб дизајнер

Rising star of the week

Андреа Јосифова – веб дизајнер

Која е Андреа Јосифова? Како се одлучи да ја отпочнеш твојата кариерна патека во областа на веб дизајн?

Моето име е Андреа Јосифова, креативец и ентузијаст. Процесот на извршување на некоја креативна замисла отсекогаш ми бил предизвик, а успешното совладување ми буди чувства на задоволство, среќа и стремеж да бидам подобра секој нареден пат. Затоа и одлучив да се запишам на Академијата за веб дизајн во Семос Едукација каде што ќе можам да се изразам себеси,  да се предизвикам, надоградам и да стекнам знаење на нови полиња.

Како завршниот проект ти помогна во остварување на твојата цел и отпочнување на твојата кариера во областа на веб дизајнот?

Завршниот проект беше еден вид валидација на тезата дека доколку дадете сè од себе, нема граници за тоа што сакате да го постигнете. Ми беше навистина чест што мојот дизајн беше одбран за веб страната на Спелеолошката Федерација на Македонија и сакам да искажам голема благодарност до сите професори кои помогнаа во реализацијата на овој проект.

Што би им препорачала на оние кои сеуште се двоумат дали да ја отпочнат својата кариера во оваа област?

Да се направи првиот чекор е секогаш најтешко, но на крајот чувството на исполнетост е незаменливо. Секогаш верувајте им на своите инстинкти и правете го она што ве прави среќни. Ако барате место каде што ќе можете да ги истакнете вашите креативни мисли и да научите многу повеќе за градење на веб страни, тогаш Академијата за веб дизајн во Семос Едукација е вистинскиот избор за почеток на вашето креативно патување.