Новости Листа

Меморандумот за соработка помеѓу Семос Едукација и Универзитет Американ Колеџ Скопје

Денес во просториите на Универизитет Американ Колеџ Скопје беше потпишан Меморандум за соработка со кој уште еднаш се потврдуваат долгогодишните заложби на двете институции за подобрување и унапредување на воспитно-образовниот процес од аспект на формално и неформално образование. Заеднички е ставот и стремежот на двете страни потписнички кон исполнување на своите организациски цели, мисија и визија, но и дека е неопходно да се работи партнерски во креирањето на генерации кои ќе бидат целосно оспособени и спремни да одговорат на предизвиците на пазарот на трудот и современите трендови. Во таа насока и Семос Едукација и УАКС, несебично, посветено, преку размена на информации и знаења, ќе работат на континуирано унапредување и подобрување на услугите кои ги испорачуваат кон крајните корисници и различните целни групи, соодветно на сопствената експертиза и искуството  акумулирано од досегашното работење.

Меморандумот е пример како може заеднички и со партнерски пристап да се работи на внесување на иновативни содржини во порцесот на генерирање на кадри кои ќе го стекнат неопходниот квантум на знаење здобиено во тек на своето образование. Тоа несомнено е гаранција и од страна на УАКС како еден од најдобрите универзитети во Македонија и Семос Едукација, како еден од најстарите компјутерски образовни центри.  Оваа соработка се состои од тоа што колегиумот, алумните, сегашните и вонредните студенти на УКАС ќе имаат можност за попуст на сите тренинзи кои ги нуди Семос Едукација. Дополнително Семос Едукација ќе вклучи дел од својата програма како предавања при самиот курикулум на УКАС со цел студентите да добијат практични знаења од темите кои ги обратуваат во рамките на редовната програма на нивните факултети, кариерен развој и поврзување со Талент Партнери.

Нам во Семос Едукација ни преставува особена чест да работиме активно со УАКС на формирање на нови генерации образовани луѓе кои ќе бидат повеќе од подготвени за предизвиците на пазарот на трудот. Нашата експертиза во практичните IT вештини во комбинација со програмите на УАКС, веруваме дека ќе резултира во градење на следната генерација на лидери на пазарот на трудот.