Новости Листа

2023 – Година на дарување во Семос Едукација

Знаењето е движечка сила за која не постојат граници, сигурна патека кон успехот и цврста основа за богата кариера.

Поттикнати од забрзаниот развој на IT и креативната индустрија, во 2023 подаруваме знаење и глобална сертификација за сите оние кои сакаат да ги унапредат своите вештини во овие индустрии.

Ние сме тука да ги препознаеме твојот талент и пасија и да ти го олесниме патот до остварување на твоите лични и професионални цели.

За таа цел, оваа година ја креиравме програмата #ПодарувамеЗнаење во чии рамки можеш да најдеш низа програми каде што ќе добиеш наша финансиска помош.

Оваа година ќе подариме вкупно 100.000 € за едукација на деца и тинејџери, матуранти и студенти.

Само во првите три месеци од стартот на кампањата, подаривме вкупно 10 стипендии во вредност од 10 000 евра за Семос Академиите, 37 ваучери за матуранти со -20% попуст академии во вредност од 37 000 евра како и бесплатни A, 350 ваучери за сите учесници на Semos Run 2023 трката во вкупна вредност од 30 150 евра. Продолжуваме да даруваме знаење за сите генерации!

Промени го животот. Искористи ја оваа можност за стекнување знаење по официјални програми од светски познати вендори.

Ние ќе ти подариме знаење – ти подари му на светот вештини кои ќе ги примениш за почеток или унапредување на сопствена кариера во ИТ или креативната индустрија.

Конкурс за стипендии на академиите за графички и веб дизајн 2023/24

Аплицирај на конкурс за стипендија на тема „Ликот на иднината...“ Од есеј, рачен или дигитален цртеж, постер, фотографија па се до концепт/дизајн за веб страна или мобилна апликација во софтвер по избор.
Краен рок за аплицирање: 04 мај 2023.



Курсеви за деца и тинејџери

Подаруваме ваучер од 1.500 МКД на сите слушатели во Семос Едукација изминативе години.
Пријави се и подари ваучер за детски курс.

Академии

Матурант си и не знаеш што понатаму?
Нудиме темелни и официјални студиски од најпрестижните ИТ брендови, работа на реални проекти, членство во Кариерен центар...

Кратки курсеви (програмирање, дизајн, MS Office, проектна методологија)

Ефективни предавања, работа во мали групи, официјална сертификација се само дел од придобивките на кратките курсеви во Семос Едукација...
Пријави се и прошири ги хоризонтите на знаење!

Бесплатен курс за фриленсинг

Започни фриленс кариера и работа на најпопуларните фриленс платформи. Примени го знаењето од Академијата и научи како да заработуваш дополнителен приход како индивидуалец или преку remote работа за клиенти и компании.

Матуранти и студенти

Успехот на младите е наша инспирација секојдневно да споделуваме знаење во насока кон нивна афирмација и аспирација во светски размери.

Без разлика дали те интересираат професии од областа на програмирање, дизајн, проектна методологија или... кратките курсеви во Семос Едукација се одлична основа за почеток на кариера во овие просперитетни области.

Стекнатите вештини на обуките во Семос Едукација, под менторство на предавачи со долгогодишно искуство и стекнатата глобална сертификација ќе ги зголемат твоите квалификации и можности за вработување, твојот рејтинг и видливост на платформите за вработување (LinkedIn) и ќе ти ги отворат вратите кон светскиот пазар на таленти.

Ќе имаш можност да го збогатиш своето резиме со нови вештини стекнати во Семос Едукација – единствениот едукативен центар во државава кој нуди официјална сертификација од најпознатите светски ИТ брендови Microsoft, Adobe, Autodesk, Cisco, AWS, Oracle, EC-Council, Unity…

Курсеви за деца и тинејџери

Заедно чекориме кон дигиталната писменост на сите генерации!

Дигиталната ера е сега, подгответе ги најмладите за успешен влез во IT светот!

Во рамки на нашата иницијатива ПОДАРУВАМЕ ЗНАЕЊЕ, подаруваме ваучер за детски обуки во вредност од 1500 денари на сите слушатели во Семос Едукација изминативе години.
Вие треба само да се пријавите и да му го проследите ваучерот на дете на кое што сакате да му подарите дигитални вештини и основа за понатамошен професионален развој.

Повеќе за детските курсеви на следниот линк

* Курсевите се наменети за деца на возраст од 5-16 години