Новости Листа

Ајде да споделуваме знаење заедно!

Ајде да работиме заедно!

За работата

Како Microsoft сертифициран тренер, ти ќе бидеш личноста која ја обединува технолошката визија, го споделува своето знаење и искуство со организации и индивидуалци насекаде низ светот, ги учи и ги охрабрува нив да ги постигнат своте цели.  

Како меѓусебно се надополнуваме?

Ние ќе ти помогнеме да станеш технички подготвен тренер за да можеш да испорачаш квалитетни дигитални обуки, а ТИ ќе им помагаш на нашите слушатели да се здобијат со вистинските ИТ вештини кои ќе им овозможат успех. 

Ако веќе си ентузијаст за технологија и мотивирање на другите, ако ја цениш можноста да помогнеш во развојот на тоа што значи да се биде вешт и да се научи вештина , тогаш останува само да аплицираш и да ни помогнеш да ја охрабриме секоја организација и поединец да постигне повеќе.

Семос Едукација бара талентирани и квалификувани професионалци за позицијата на хонорарен тренер за Microsoft официјалните курсеви – Microsoft Azure Data Engineer (DP-203).

Кој/а си ти:

  • Поседуваш високо образование од областа на компјутерски / информатички науки;
  • Поседување на сертификат Microsoft Certified: Azure Data Engineer Associate;
  • Дизајн и имплементација на data storage во Azure (SQL database, Azure Storage Account, Data Lake Storage, Blob Storage, Azure Cosmos DB);
  • Azure Synapse Analytics;
  • Azure Data Factory;
  • Azure Synapse Apache Spark Pools;
  • Azure Databricks;
  • Azure Stream Analytics;
  • Презентациски и комуникациски вештини;
  • Ефикасност и организација;
  • Иницијатива, посветеност и тимски дух;
  • Желба и способност за пренос и споделување на знаење;
  • Одлично знаење на англиски јазик.

Главни задачи:

  • Испорака на Microsoft тренинзи за студенти и професионалци;
  • Постојано надградување на знаење и сертификација.

Ние нудиме:

  • Можност за личен и професионален развој;
  • Можност за постојано надоградување со присуство на курсеви и здобивање на сертификации;
  • Работа со модерни технологии;
  • Интересна и динамична работа;
  • Домашни и интернационални конференции;
  • Патување во странство.

Вие добивате:

  • Можност да станеш дел од елитната заедница на MCT и да добиваш поддршка од дирекцијата на МCT во врска со последните и најнови вести, поврзување со МCT насекаде низ светот, или помош од Регионалниот претставник на MCT;
  • Задоволувачки приход;
  • Голем попуст на испити, практични испити, книги и електронски книги;
  • Пристап до алатки и ресурси за испорака на тренингот за да може понатамошно да ги развиваш своите технички и наставни вештини;
  • Признание од твоите колеги;
  • Ќе бидеш прв во пристапот кон нови технологии.

Доколку се пронајде во наведените карактеристики и сакаш да изградиш меѓународна кариера, испрати ни го своето CV на https://hr.semosedu.com/ и очекувај повик од нашиот HR тим.

За нас

Во Семос Едукација ќе работиш со 180 креативни, паметни и добри луѓе, на проекти кои ќе те мотивираат да го ослободиш целиот свој потенцијал.

Дај ни можност да ти ја раскажеме нашата приказна!

Семос Едукација (www.semosedu.com) е водечки центар на учење во Западен Балкан. Поставуваме висококвалитетни стандарди во индустријата за обука повеќе од 27 години, обезбедувајќи официјална обука за најголемите светски софтверски компании. Со текот на годините, го поддржувавме учењето на различни организации и поединци, обезбедувајќи обуки низ регионот на ЈИЕ, Северна Европа и Блискиот Исток. Нудиме различни сертифицирани обуки од различни продавачи, како што се Microsoft, Cisco, Oracle, Java, VMware, EC-Council, ISTQB, Scrum, Adobe, Autodesk, Unity и AWS. Покрај официјалното образование, нудиме и прилагодени обуки за различни информатички технологии, кои вклучуваат Angular, React, Vue, Go, Python, HTML/CSS, PHP, програмирање во C, C++ итн.

Нашите канцеларии се лоцирани во Скопје и Белград.

Семос Едукација служи како едношалтерски систем за обука за ИТ, што значи дека организацијата или поединецот може да ги најде сите курсеви што им се потребни за нивниот професионален развој. Семос Едукација е член на LLPA (Асоцијација на водечки партнери за учење) глобална организација со присуство во повеќе од 55 земји. Заедно, ние имаме обучено повеќе од 500, 000 студенти, покривајќи повеќе од 90 % од Европскиот GDP.

Споделуваме знаење во:

Норвешка | Шведска | Финска | Данска | Холандија | Белгија | Германија | Естонија | Кралство Саудиска Арабија | Малта | Шпанија | Италија | Унгарија | Полска | Романија | Македонија | Србија | Црна Гора | Словенија | Босна | Хрватска | Бугарија | Албанија | Косово