Новости Листа

БЕСПЛАТНИ ОБУКИ ЗА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА

Обуки за напредни ИТ вештини, почеток на ИТ кариера!

Пријави се и учи според официјалните програми на најпознатите светски IT брендови:

Microsoft | AWS | ISTQB | Java | Python Institute

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година, усвоен од Владата на Република Северна  Македонија за мерката 4. Обуки за  напредни ИТ вештини (со кофинансирање- финансирана 80% од  Агенција за вработување на Република Северна Македонија и 20% од спроведувачот на обуки)

Целта на бесплатните обуки е да се помогне на невработените лица во нивната преквалификација или доквалификација за една од најплатените IT професии на денешницата, стекнување на меѓународно признати сертификати и титули, како и да им се овозможи почеток на својата кариера во ИТ индустријата.

Ги охрабруваме сите невработени лица - Баратели на работа, кои се евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ), да се пријават за посета на еден од понудените модуларни програмски пакети.

ЧЕКОР 1 - Кој може да аплицира за обука?

Секој кој има од 18-34 години и се води како невработено лице, евидентирано во АВРСМ. Провери дали си барател на работа во АВРСМ, на следниот линк.

*Невработените лица кои веќе еднаш посетиле обука за напредни ИТ вештини можат да учествуваат во обука во друга напредна ИТ вештина. Доколку бројот на пријавени кандидати за учество во мерката го надминува предвидениот опфат, во тој случај предност ќе имаат кандидатите кои претходно не учествувале во обука за напредни ИТ вештини.

ЧЕКОР 2 - Избор на професија

Заинтересираните лица можат да одберат една од професиите кои во светот се најголем хит и за кои во моментов постои најголема побарувачка:

  • Java developer 
  • Automation Tester 
  • Microsoft Data analyst 
  • Cloud administrator 
  • Python Developer 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ПРОФЕСИИТЕ линк

* Опционално

Доколку имате дополнителни прашања поврзани со обуките, Семос Едукација Ви стои на располагање за дополнителни информации. Сѐ што треба да направите е да ја пополните формата на следниот линк и нашиот тим ќе Ве контактира во најбрз можен период.

ЧЕКОР 3 – ПРИЈАВА

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат пријава во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ), во центарот за вработување каде што живее, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Јавниот повик ќе биде отворен се до пополнување на планираниот опфат на лица. Повеќе информации за пријавувањето, може да се добие од вработените во АВРСМ http://av.gov.mk/kontakti.nspx или на контакт телефоните 02/3111-850 и 02/3122-397 како и на e-mail: info@av.gov.mk и kabinet@av.gov.mk.

ЧЕКОР 4 – ТЕСТИРАЊЕ

Семос Едукација ќе спроведе претходна проверка на нивото на знаење на кандидатот со цел вклучување во соодветниот програмски пакет на обука. Крајната листа на кандидатите и резултатите добиени од пред-тестирањето ќе бидат објавени на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, како и на огласните табли во Центрите за вработување.

Доколку има поголем број на кандидати со освоен ист број на бодови на пред-тестирањето, согласно принципот “Справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на труд и вработеноста, предизвикани од пандемијата на COVID-19” предност ќе имаат кандидатите на  кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот, доколку во рамките на тој избор има лица жени согласно “Принципот на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно принципите на правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или било која друга ранлива категорија на граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот” предност ќе имаат невработените жени.

Невработените лица ќе имаат можност да аплицираат за учество во обуката се до целосно пополнување на предвидениот број на кандидати согласно оваа мерка.

ЧЕКОР 5 – СЛЕДЕЊЕ НА ОБУКА

Обуките од еден модуларен програмски пакет ќе се реализираат на македонски јазик во период од 4 (четири) месеци од денот на формирање на конечните ранг листи.

На лицата вклучени во обуките, ќе им бидат издадени ваучери за посетување обука и полагање на испит/испити.

Кандидатите имаат обврска во рок од најмногу 3 (три) месеци од завршување на обуката да се пријават за полагање на испит за добивање на официјален акредитиран сертификат од областа. Во случај да не го положат испитот во редовниот термин, слушателите имаат право на повторен испит, но на сопствен трошок.

На лицата кои редовно посетувале обука, односно присуствувале на најмалку 70% од часовите, по завршување на истата ќе им биде издадено уверение за редовно посетувана обука, а лицата кои успешно ќе го положат испитот/испитите ќе им биде издаден официјален акредитиран сертификат.

Со почит,

Тимот на Семос Едукација,


Контакт лице за Cloud Administrator, Java Developer, Automation Tester, Microsoft Data Analyst

Сања Гавриловска

+389 75 226 875

Sanja.Gavrilovska@semos.com.mk


Контакт лице за Python Developer

Катерина Пенева

+389 76 224 475

Katerina.Peneva@semos.com.mk