Новости Листа

Повикот за стипендии во HR Академијата е отворен
за есенската генерација 2021/22

Доделуваме две целосни стипендии во вредност од 1720 евра, две половични во вредност од 860 евра и неколку делумни стипендии во вредност од 430 евра.

Стипендиите се однесуваат на предавањата, материјалите и менторирањето во временски период од 9 месеци, од октомври 2021 до јуни 2022 година.

Како да аплицирам?

Пополнете ја  апликацијата  за стипендија  и ќе бидете контактирани за онлајн интервју. Kраен рок за апликација за стипендија е 16 септември. Побрзајте. Предност ќе имаат порано примените апликации.

HR Aкадемијата е подготвена од HR професионалци за следните генерации на HR лидери!  Искористете ја оваа можност и станете дел од дванаесетата генерација. Тимот на предавачи е составен од експерти во различни области на HR. Тие се HR менаџери кои секојдневно се соочуваат со предизвиците кои ги носи оваа професија.

Најчесто поставувани прашања:

1. Колку стипендии се доделуваат?

  • Доделуваме две целосни и четири делумни стипендии со кофинансирање на програмата за HR Академија.

2. Колкава е вредноста на стипендијата?

  • Вредноста на целосните стипендии е 1.720 € колку што чини посетата на целата HR Академија на Clear View Бизнис Тренинг Центар и Семос Едукација . А вредноста на делумните стипендии е 860€ и 430€.

3. За која учебна година важи стипендијата?

  • Стипендијата важи за учебната 2021/22 година.

4. Како да аплицирате за стипендија?

5. Каде да ја најдам апликацијата за стипендија?

6. Кој е крајниот рок за аплицирање за стипендија?

  • Крајниот рок за доставување на апликациите е 16.09.2021 година

7. Каде можеме да добиеме повеќе информации за апликацијата за стипендија?

Ја очекуваме Вашата апликација и се радуваме на можноста да бидете дел од стручната Академија за управување и развој на човекови ресурси.

Повеќе за содржината од академијата има на следниот линк