Новости Листа

НОВО ЗА НАЈМАЛИТЕ

Кодирање и компјутерско размислување

Code Monkey е водечка, забавна и интуитивна наставна платформа каде учениците учат да кодираат во вистински програмски јазици. Учењето се одвива преку курсеви со игри и е проследено со практични проекти, каде учениците користејќи програмски јазици решаваат загатки и градат игри и апликации.

Програмските јазици кои се изучуваат се CoffeeScript, кој е многу сличен на програмскиот јазик JavaScript, и Python, широко користен програмски јазик кој има лесна синтакса.

Курсевите на Code Monkey се прилагодени според возраста на учениците и степенот на познавање на темата.

  • Курс за кодирање со блокови (5-6 години) (линк)
  • Основен курс за кодирање (7 – 10 години) (линк)
  • Kодирање со Python & CoffeeScript за деца (11-12 години) (линк)