Новости Листа

Кариера Како...

Избери една од дигиталните професии

Зошто дигитални вештини, дигитални професии и зошто баш сега?

Новите услови донесоа и нови правила на игра. Начинот на кој што светот функционира се смени. Секој од нас треба да го смени фокусот и начинот на размислување. Новите услови носат и нови перспективи, нови можности и нови професии. Сакаме да бидеш адаптиран на новиот дигитален свет и наоружан со дигитални вештини за да можеш да одбереш професија која ќе одговори на новите предизвици. Дигиталните вештини се основна појдовна точка за да можеш да продолжиш да се развиваш понатаму во која било област. Дали е тоа медицина, производство, инженеринг, земјоделство, трговија, наука, едукација, спорт, дигиталните вештини се неопходни. Можностите се неограничени а на тебе останува да одлучиш...

Која кариера најмногу ти одговара?
Дознај на...
Кариерните Денови

Тоа се низа од повеќе настани на кои ќе се зборува за над 20 модерни професии на иднината. За кариерите ќе зборуваат професионалци – секој експерт од својата област.
Она што го подготвивме за тебе е решение на многу твои дилеми...

Доколку си несигурен што сакаш да работиш во иднина, во која област да се развиваш или пак кој е твојот следен кариерен чекор дојди на Кариерните Денови. БЕСПЛАТНО Е!

Тука ќе добиеш одговор на многу прашања поврзани со самите професии:

  • Што всушност се работи?
  • Дали таа професија е вистинскиот избор за тебе?
  • Каде би работел/а?
  • Колку се заработува од таа професија?
  • Кои се предностите на професијата?
  • Со какви предизвици би се соочувал/a?
  • Како да ја имаш кариерата од соништата?
  • Колку време ти е потребно да станеш она што посакуваш?

И слободно ќе можеш да прашаш сé што те интересира во врска со твојата идна или нова професија...

ЛИСТА НА КАРИЕРНИ ДЕНОВИ

Кариера Како...Кога
AWS Cloud Administrator
Unity Game Developer 30.7.2020 17:00
PHP Developer и Wordpress Developer - open sоurce технологии 21.7.2020 20:00
UI/UX Design Specialist 22.7.2020 18:00
Unity Developer for Virtual Reality 29.7.2020 17:00
Azure Administrator/Developer/DevOps 23.7.2020 18:00
Java Developer 23.7.2020 20:00
Web Designer 24.7.2020 13:00
Microsoft Data analyst/Data Scientist 28.7.2020 18:00
JavaScript Developer 27.7.2020 17:00
Artificial Intelligence Practitioner 28.7.2020 17:00
Graphic Designer 29.7.2020 13:00
Adobe Visual and Video specialist 29.7.2020 17:00
Python Developer 30.7.2020 17:00
VMware Data Center Professional 4.8.2020 18:00
Automation Software Tester 10.8.2020 17:00

ПРИЈАВИ СЕ ТУКА НА ЕДЕН ИЛИ ПОВЕЌЕ КАРИЕРНИ ДЕНОВИ

Ние од Семос Едукација 25 години #СподелувамеЗнаење и успешно ги поврзуваме пазарот на трудот и талентираните студенти.