Новости Листа

БЕСПЛАТНИ ОБУКИ ЗА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА

Обуки за напредни ИТ вештини, почеток на ИТ кариера!

БИДИ ОРИГИНАЛЕН!

Стекни се со меѓународно признаен сертификат.

Пријави се за бесплатна обука и учи според официјалните програми на најпознатите светски IT брендови:

Microsoft | Cisco | AWS | Oracle | ISTQB | Adobe.

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерката, од 25 мај 2020 година Семос Едукација почна со спроведување на мерката 4.1 – Обука за напредни ИТ вештини.

Целта на бесплатните обуки е да се помогне на невработените лица во нивната преквалификација или доквалификација за една од најплатените IT професии на денешницата, стекнување на меѓународно признати сертификати и титули, како и да им се овозможи почеток на својата кариера во ИТ индустријата.

Ги охрабруваме сите невработени лица - Баратели на работа, кои се евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ), да се пријават за посета на еден од понудените модуларни програмски пакети.

Besplatni obuki

ЧЕКОР 1. Кој може да аплицира за обука?

Секој кој има од 18-34 години и се води како невработено лице, евидентирано во АВРСМ. Провери дали си барател на работа во АВРСМ, на следниот линк http://av.gov.mk/voveduvanje-vo-evidencija.nspx

*Невработените лица кои веќе еднаш посетиле обука за напредни ИТ вештини можат да учествуваат во обука во друга напредна ИТ вештина. Доколку бројот на пријавени кандидати за учество во мерката го надминува предвидениот опфат, во тој случај предност ќе имаат кандидатите кои претходно не учествувале во обука за напредни ИТ вештини.

ЧЕКОР 2. Избор на професија

Заинтересираните лица можат да одберат една од професиите кои во светот се најголем хит и за кои во моментов постои најголема побарувачка:

  • Cloud Administrator
  • ISTQB Software Tester
  • Automation Tester
  • System Engineer
  • UX Design Specialist

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ПРОФЕСИИТЕ на следниов линк

Опционално:

Доколку имате дополнителни прашања поврзани со обуките, Семос Едукација Ви стои на располагање за дополнителни информации. Сѐ што треба да направите е да ја пополните формата на следниот линк и нашиот тим ќе Ве контактира во најбрз можен период.

ЧЕКОР 3 – ПРИЈАВА

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат пријава во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРСМ), во центарот за вработување каде што живее, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Јавниот повик ќе биде отворен се до пополнување на планираниот опфат на лица. Повеќе информации за пријавувањето, може да се добие од вработените во АВРСМ http://av.gov.mk/kontakti.nspx или на контакт телефоните 02/3111-850 и 02/3122-397 како и на e-mail: info@av.gov.mk и kabinet@av.gov.mk.

ЧЕКОР 4 – ТЕСТИРАЊЕ

Семос Едукација ќе спроведе претходна проверка на нивото на знаење на кандидатот со цел вклучување во соодветниот програмски пакет на обука. Крајната листа на кандидатите и резултатите добиени од пред-тестирањето ќе бидат објавени на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, како и на огласните табли во Центрите за вработување.

Доколку има поголем број на кандидати со освоен ист број на бодови на пред-тестирањето, предност ќе имаат кандидатите кои први поднеле пријава за учество. Невработените лица ќе имаат можност да аплицираат за учество во обуката се до целосно пополнување на предвидениот број на кандидати согласно оваа мерка.

ЧЕКОР 5 – СЛЕДЕЊЕ НА ОБУКА

Обуките од еден модуларен програмски пакет ќе се реализираат на македонски јазик во период од 4 (четири) месеци од денот на формирање на конечните ранг листи.

На лицата вклучени во обуките, ќе им бидат издадени ваучери за посетување обука и полагање на испит/испити.

Кандидатите имаат обврска во рок од најмногу 3 (три) месеци од завршување на обуката да се пријават за полагање на испит за добивање на официјален акредитиран сертификат од областа. Во случај да не го положат испитот во редовниот термин, слушателите имаат право на повторен испит, но на сопствен трошок.

На лицата кои редовно посетувале обука, односно присуствувале на најмалку 70% од часовите, по завршување на истата ќе им биде издадено уверение за редовно посетувана обука, а лицата кои успешно ќе го положат испитот/испитите ќе им биде издаден официјален акредитиран сертификат.

Со почит,

Тимот на Семос Едукација,

Контакт лице за Cloud Administrator и System Engineer

Иван Паневски
Контакт лице за Cloud Administrator и System Engineer
+389 75 226 875

Контакт лице за ISTQB Software Tester и Automation Tester

Симона Ристевска
Контакт лице за ISTQB Software Tester и Automation Tester
+389 78 270 762

Контакт лице за UX Design Specialist

Данијела Трајаноски
Контакт лице за UX Design Specialist
+389 76 224 475