HR Академија
Управување и развој на човечки капитал

Скопје
Аплицирај
Почеток на курсот
14 Окт 2022
Број на часови
180
Цена на курсот
106.300 МКД

Управување и развој на човечки капитал

HR Академијата е креирана со практичен пристап и на менторски принцип.

Ова е најпрактична едукација за човечки ресурси со предавачи кои имаат големо искуство во HR менаџментот.

Знаењето кое се стекнува е применливо во реална професионална средина веднаш по завршувањето на академијата, затоа оваа академија е соодветна:

  • за оние кои што работат во оваа област а сакаат да го прошират своето знаење
  • За оние кои што сакаат да направат кариерна промена

Ви ја отвораме вратата за успешна кариера и вмрежување во  успешната мрежа на HR професионалци.

Методологија на работа:

Програмата за HR Академијата е дизајнирана да може преку настава со присуство се обезбеди максимално практично знаење и подготовка на HR професионалците. Предавачите на секој модул се експерти во својата деловна областа со долгогодишен професионален ангажман во областа во која работат, со работно и консултантско искуство во интернационални компании и предавачи на високо образовни институции. Учесниците имаат задолжително присуство на 75% од 9-те Модули и се води дневник на присуство заради обезбедување на квалитетот.

Дополнителните задачи кои треба да ги работат се документираат во Досието на секој учесник. HR ACADEMY го применува менторскиот пристап. Секој учесник има можност за консултации со својот ментор за времетраење на процесот на учење. На располагање стои и административен координатор за учесниците за сите останати прашања кои не се поврзани со содржината. Во текот на наставата со учество ќе бидат присутни и гости предавачи кои ќе го пренесуваат своето практично искуство поврзано со темата во тој Модул. Секој учесник кој успешно ќе заврши добива Сертификат од Clear View BTC HR ACADEMY и можност за лична препорака.


Доколку си на почеток на својарта HR кариера

Кариерниот центар на Семос Едукација ќе те поддржи во процесот за апликација за пракса или вработување во компании соработници и талент партнери со кои заедно ќе работиш на реални проекти.


Програма

Задолжителни модули

  • Стратешки HR менаџмент
  • Правни аспекти
  • Регрутација и селекција
  • Мотивација на вработени и задоволство од работа
  • Развој на вработени
  • Перформанс менаџмент
  • Плати, наградување и финансиски аспекти
  • HR аудит и HRIS
  • Англиски за HR

Учи од професионалци кои што имаат 15+ години искуство во оваа област и се пионери во фелата на човечки ресурси во земјава:

Дознај повеќе за нашите инструктори

  • Да анализирате предности и недостатоци на одреден облик на организациската структура во функција на бизнис процесите, бизнис климата и опкружувањето
  • Да планирате процес на регрутација и селекција
  • Како да привлечете најдобри таленти и да ги дефинирате клучните елементи во процена на таленти и управување со нивниот развој
  • Да поставите компетенции, очекувања и работни стандарди
  • Да правите евалуација на работната изведба и учинокот по модел 360 и 180 (модели и примери од различни ставови) и дадете фидбек
  • Да направите проценка на потребата од HRIS
  • Да поставувате системи за мотивација на вработените со алатките за мерење на задоволство/посветеноста на вработените и да ги користите теориите за мотивација во секојдневната пракса
  • Да го одредите клучот за задоволни вработени и да спроведете анкета за испитување на задоволството на вработените.
  • Да дефинирате индивидуален план за развој на вработените според потребите, да го процените трошок за истото и да изберете обучувачи, провајдери и консултанти
  • Да ја задржите целата база на знаење на вработените и по нивното заминување од компанијата
  • Да воведете и користите менторство во компанијата
  • Да управувате со човечките ресурси почитувајќи ги законските норми
  • Да состават оглас за вработување и да изработите Договори за вработување, Анекси, Решенија и планови за годишни одмори
  • Да изработите разни видови одлуки, во согласност со позитивните законски прописи во нашата држава и правилници за ситематизација на работните места
  • Да изготвувате планови за плати, наградување на вработените;
  • Да работите на планирање на обуки и да пресметувате поврат на инвестиција од обука.

Анатомија на еден HR професионалец

Лице за контакт

Анета Секуловска
Business Development Executive
+389 70 357 591, секој работен ден 9:00-17:00

Академски календар за 2022/23

14 октомври 2022 - Почеток

14 октомври до 30 декември 2022 - Прв семестар

20 јануари до 25 јуни 2023 - Втор семестар

Oваа академија е за тебе доколку си:

  • Емпатичен
  • Се грижиш за луѓето
  • Имаш јак интегритет
  • Трпелив
  • Авторитативен
  • Лидер
  • Одговорен
  • Имаш одлични комуникациски вештини
  • Сакаш да воспоставуваш ред и правила

Академијата за HR низ бројки

13 години

13 генерации

180+ слушатели

Методи

Предавањата се изведуваат на модерен и интерактивен начин, користејќи модерни информациски технологии, преку индивидуална и групна работа со практично менторство.

Верификациони документи

  • Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката, добива Сертификат за „Управување и развој на човечки капитал“ од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

Компании соработници на Кариерен центар на Семос Едукација

Талент партнери на HR Академијата

Кои се?