UX Design Академија
Акредитирана институција

Скопје
Аплицирај
Почеток на курсот
27 Сеп 2021
Број на часови
161
Цена на курсот
1.385 ЕУР

Акредитирана институција за образование на возрасните за UX дизајнер

Верификација на Установа за образование на возрасните за реализација на посебна програма UX Designer на Семос Компјутерски Образовен Центар Бр. УП113 – 2240 од 19.05.2020 год.

Од мај 2020 година, Семос Едукација стана акредитирана институција од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија за реализација на посебната програма UX Designer.

UX ДИЗАЈНЕР - ХИТ ЗАНИМАЊЕ ОД КРЕАТИВНАТА ИНДУСТРИЈА. Дизајн на прилагодлива веб страна и апликација. Комбинација на дизајн, корисничко искуство, истражување, бизнис, психологија. Совладување на компјутерски вештини и градење на прототип за веб страни и апликации.

Главна цел на програмата

Главната цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за UX дизајн т.е. веб дизајнирање насочени кон корисникот, а сето тоа во функција на понатамошно образование и вклучување на пазарот на труд.

Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот, како и нивно осамостојување при извршување на секојдневните задачи на работа и/или обезбедување на самовработување.

Програмата нуди можност за напредување во кариера на повисоки нивоа во Веб дизајнер или Веб програмер (Front End Developer/ Back End Developer), како и препознатливост на квалификацијата со вклучување на пазарот на труд преку вработување во фирма или самостојна работа (Eng. Freelancer).


Програма

Задолжителни модули

  • Веб дизајн процес и Creative Thinking
  • Кориснички UX/UI принципи
  • Adobe XD
  • Веб оптимизација и аналитика
  • Кариера и проектни веб методологии (Agile Scrum Certified)
  • Практична настава „Дизајн на прилагодлива веб страна и мобилна апликација“

Изборен Adobe модул

  • Adobe модул + Adobe Certified Associate испит
    (Adobe Photoshop CC или Adobe Illustrator CC или Adobe Animate CC)

По завршување на акредитираната посебна програма за UX дизајнер, учесникот ќе биде способен да:

  • креира стратегија на производ базирана на корисничко искуство,
  • креира кориснички приказни, профили и сценарија,
  • изработува корисничка мапа за конкретизирање на дизајн,
  • дефинира функционалноси и интеракција во кориснички интерфејс,
  • поставува структура на веб проект (веб страна и/или апликација),
  • креира визуелен приказ на целосно прилагодлива веб страна и апликација,
  • изработува прототип на веб проект и тестира идеја,
  • споделува дизајн и врши евалуација на веб проект,
  • креира веб елементи со Adobe СС софтвери,
  • дефинира кориснички профили и нивни онлајн навики,
  • дизајнира e-mail пораки и слетувачки страници (Landing pages),
  • врши основна веб оптимизација на мултимедија и текст,
  • ја познава современата проектна веб методологија Agile Scrum Certified, фази и улоги на учесниците во тимот при веб дизајнирање,
  • презентира веб проект од идеја до реализација.

Лице за контакт

м-р Ангелина Канчевска
Раководител на Семос Академија за UX Design
+389 71 223 993, секој работен ден 9:00-17:00

Академски календар за 2021/22 - упис 1/ online

15 март 2021 - Почеток

15 март до 15 јули 2021 - Прв семестар

16 август до 30 септември 2021 - Втор семестар

20 октомври 2021 – Презентација на проекти

Академски календар за 2021/22 - упис 2

27 септември - Почеток

27 септември до 30 декември 2021 - Прв семестар

20 јануари до 29 април 2022 - Втор семестар

20 мај 2022 – Презентација на проекти

Верификациони документи

Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката, ги изработи проектните задачи и ги положи предвидените испити, ќе се стекне со:

  • Сертификат за „UX дизајнер“ од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
  • Меѓународен сертификат од Adobe на ниво Adobe Certified Associate (ACA) кој претставува одлична оценка за владеење со соодветната апликација на Adobe. Полагањето на Adobe официјален испит за стекнување на меѓународен сертификат на ниво Adobe Certified Associate се одвива во сертифициран центар за вреднување на Certiport.

Методика

Предавањата се изведуваат на модерен и интерактивен начин, користејќи модерни информациски технологии, преку индивидуална и групна работа, практично менторство со консултанти од реномирани компании во текот на наставата. Сето ова со цел студентите да ги развијат своите вештини во UX дизајнот (корисничкото искуство) преку интересен, забавен и модерен начин.

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Секоја наставна единица е поткрепена со специјално изработени вежби согласно интерни наставни програми и официјалните програми од Adobe и Scrum Study партнерите.

Програмата се реализира преку практична и теоретска настава и води до стекнување на сертификат „UX дизајнер“.