Конкурс за запишување
27.09.2021

Скопје
Аплицирај

Конкурс за запишување студенти
на стручни студии во академската
2021/22 година

Услови и критериуми за запишување

Сите лица над 17 години имаат право да се запишат на стручните студии во Семос Академијата о цел да се стекнат со стручно образование, како континуирано постсредно образование, преквалификација или доквалификација. Право на запишување имаа следните кандидати:

  • ученици во средно училиште на возраст од 17 до 18 години,
  • лица кои завршиле средно образование,
  • лица кои се редовни студенти,
  • лица кои завршиле високо или вишо образование.

Кандидатите се запишуваат како редовни студенти во академската 2021/22 година со:

  • самофинансирање со можност за запишување до 09.03.2021/27.08.2021 година,
  • добивање делумна стипендија согласно конкурсот за доделување стипендии.

Конкурсот за доделување делумни стипендии ќе има важност до 09.03.2021/27.08.2021 год.

Кандидатите при запишувањето склучуваат Договор за стручна обука со Семос Едукација.

Цена и начин на плаќање

Редовната цена на школувањето изнесува 1.650 ЕУР.

Во цената се вклучени литература, диплома за успешно завршена WORDPRESS академија. За студентите кои имаат постигнато над 70% успешни резултати во текот на школувањето, имаат влез во системот за кариера кој овозможува давање препорака за пракса.

Начинот на плаќање, може да биде со:

  • на рати со кредитна картичка на Стопанска Банка АД Скопје каде каматата ја покрива Семос Едукација
  • со дебитни и кредитни картички од други банки согласно договорените услови со банките
  • во готово во просториите на Семос Едукација
  • со договор склучен на нотар за плаќање до 6 рати во готово, картичка или безготовинско плаќање.
  • можност за on line плаќање преку веб страната на Семос Едукација

Запишувањето на кандидатите на стручни студии во Семос Академијата, се врши во неколку термини со дефинирани рани уплати согласно дадената табела.

УписНачин на плаќање за рана уплатаОдобрен попуст во %Цена за уплата во ЕУРЦена за уплата во МКД
Упис1 Рана уплата до 15.08.2021 15% 1.403 86.705
Упис2 Рана уплата до 20.09.2021 10% 1.485 91.770
Плаќање на еднакви месечни рати (max. 12).
Првата рата изнесува 26.000 мкд
0 1.650 101.970

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на Семос Академија за Wordpress
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

Број на студенти

Семос Академијата отвара вкупно 20 слободни места за запишување на студенти, стручнaта програма за WORDPRESS академија, во академската 2021/22 година.

Доколку има слободни места после датумот предвиден за почеток на настава, Семос Академијата ќе ги прифати новите пријави за запишување.

Пријава и документи за запишување

При запишување на стручни студии во Семос Академијата, кандидатот пополнува онлајн пријава.

Место на изведување на студиските програми

Семос Академијата располага со 14 училници со вкупен капацитет од 135 места и наставата  ја изведува во просториите на Семос Едукација на Бул. К.Ј.Питу бр.19/6 во Скопје. Училниците се климатизирани и опремени со софистицирана компјутерска и презентациска опрема. Секој студент работи самостојно на свој компјутер.

Дополнителни информации

За сите заинтересирани, секојдневно даваме информации во просториите на Семос Академијата. Редовно се организираат отворени денови, каде заинтересираните ќе ги видат студентските проекти, ќе ги слушнат приказните на најдобрите студенти и нивните кариери, ќе се запознаат со тимот на професори.

  • Тренери со долгогодишно искуство во програмирање и работа со комплексни системи од разни области во Македонија и странство.
  • Влез во кариерниот центар при Семос Едукација, за понатамошна препорака за пракса и вработување.
  • Вештини и знаења за изработка на веб страна од почеток.
  • Гости предавачи, представници од ИТ комании и размена на нивните искуства при работа на проекти.