Официјална Академија за Automation Software Tester

Скопје
Аплицирај
Почеток на курсот
27 Сеп 2021
Број на часови
200
Цена на курсот
1700 ЕУР

Официјална Академија за Automation Software Tester

Зошто официјална академија за Automation Software Tester?

Официјалната академија е наменета за сите оние кои сакаат да се квалификуваат, преквалификуваат и да навлезат во областа на софтвер тестирањето, како мануелен и автоматски софтвер тестер. Слушателите на Академијата ќе добијат официјална литература, целата програма ќе биде спроведувана од страна на сертифицирани тренери во областа на ISTQB и Microsoft. 

Што е софтвер тестирање? Тестирањето на софтвер е процес на извршување на планирани проверки на функционалноста на еден систем, програма или апликација, со сеопфатна цел за подобрување на софтверските перформанси. Тестирањето може да вклучува примена на техники со намера да се лоцираат дефектите на софтверот, но исто така може едноставно да им овозможи на бизнисите да ги пресметаат ризиците од примената на софтверот. Тестирањето на софтвер истражува дали апликацијата, програмата или системот функционираат правилно, и сигурно, при сите типови и комбинации на влезни параметри, во соодветна временска рамка, а истовремено да се постигне посакуваниот исход. 

Со сé поголемите промени кои се случуваат во ИТ светот, тестирањето на софтверот станува позначајно, вреднувано и барано во овие бизниси. Како резултат на тоа, софтвер тестерите добија значителен статус во оваа заедница и софтвер тестирањето се смета за важна и ценета професија на глобално ниво.

Официјалната академија ги вклучува следниве курсеви:

Официјален курс
ISTQB Software Testing Foundation
ISTQB Foundation Extension Agile Tester
20480: Programming with HTML5, JavaScript and CSS3
20483: Programming in C#
A4Q Certified Selenium Tester Foundation Level Automation Testing

Опис на обуките опфатени во оваа програма

  • ISTQB Software Testing Foundation - Овој курс е основен и е создаден со цел на слушателите да им овозможи знаење за основните принципи на тестирање. Ќе научите како активностите за тестирање ги поддржуваат активностите за развивање во различни модели за развој на софтвер, како и општата терминологија за тестирање. Курсот дава преглед на статичните и динамичните техники на тестирање и како истите да се применат; ве запознава со менаџирање на проблеми при тест, вклучувајќи планирање на тест и проценка, тестирање врз основа на ризик и менаџирање на инциденти, како и поддршка на алатки за тестирање, опишувајќи многу видови на поддршка на алатки, придобивки и потенцијални ризици на алатките и ефективен процес за нивно вклучување во организација.
  • ISTQB Foundation Extension Agile Tester - Agile тестирањето е релативно нов пристап кон тестирање на софтвер кое ги следи принципите на развој на софтвер наведени во Agile Manifesto. Тестерот на Agile проект ќе работи поразлично од тестер кој работи на традиционален проект. Тестерите мораат да ги разбираат вредностите и принципите кои ги поткрепуваат Agile проектите, и како тестерите се интегрален дел од целиот тим заедно со девелоперите и бизнис претставниците. Курсот Agile Tester Extension овозможува на софтвер тестерот знаење со кое ќе може да биде дел од Agile testing тимовите и да постигне поголеми перформанси.
  • 20480: Programming with HTML5, JavaScript and CSS3 - Овој курс обезбедува вовед во HTML5 и CSS3. Им помага на слушателите да стекнат основни вештини за програмирање на HTML5 и CSS3. Материјалот е фокусиран на употреба на HTML5 и CSS3 за спроведување на логика за програмирање, дефинирање и употреба на варијабли, извршување на looping и branching, развој на кориснички интерфејси, валидирање на кориснички влез, чување на податоци и создавање на добро структурирана апликација.
  • 20483: Programming in C# - Програмскиот јазик C# е од клучна важност да се разбере и научи, како подоцна би можеле да го примените ова знаење за автоматско тестирање. Материјалот опфаќа основи на структурата на програмата C #, синтаксата на јазикот и концептите за објектно ориентирано програмирање.
  • A4Q Certified Selenium Tester Foundation Level Automation Testing - По успешното завршување на овој курс, ќе можете самостојно да креирате и извршувате тестови со Selenium WebDriver. Во овој курс ќе ги споите и искористете сите стекнати знаења од претходните модули. Ќе можете соодветно да ги примените принципите за автоматско тестирање за да изградите ефикасно и одржливо решение за автоматско тестирање, со избирање на соодветни алатки за автоматско тестирање. Ќе можете да ги имплементирате скриптите на Selenium WebDriver кои извршуваат тестови за функционално тестирање на веб апликација.

Со завршување на програмата за Automation Software Tester академијата, посетителот ќе знае да ги применува најновите принципи и технологии во оваа област, како и ќе научи да:

  • Да користи заеднички јазик за ефикасна и ефективна комуникација со други тестери и проектни менаџери
  • Да ги разбере воспоставените концепти на тестирање, процесот на основно тестирање, пристапите кон тестирање, и принципите со кои се поддржуваат целите на тестирањето
  • Да дизајнира и дава предност на тестови користејќи воспоставени техники: анализа на функционалните и нефункционалните спецификации (како перформанси и употребливост) на сите тест нивоа за системи од ниско до средно ниво на комплексност
  • Да извршува тестови во согласност со договорени тест планови, да анализира и прави извештаи за резултатите од тестирање
  • Да напише јасни и разбирливи извештаи за инциденти
  • Ефективно да учествува во анализа на средни до големи проекти
  • Да биде запознаен со различните видови на алатки за тестирање и нивните употреби, да помага во процесот на избор и имплементација
  • Да ги разбере основите на Agile развој на софтвер и различните Agile пристапи
  • Разликите помеѓу тестирање во традиционални и Agile проекти
  • Тестирање во Agile проекти
  • Улоги и вештини на еден тестер во Agile проекти
  • Agile техники и методи на тестирање
  • Проценка на квалитативни ризици на производ во рамки на Agile проект

Лице за контакт

Симона Ристевска
Помлад раководител на Официјална Академија за Automation Software Tester
+389 78 270 762, секој работен ден 9:00-17:00

Академски календар за 2021/22 - упис 1/ online

март 2021 - Почеток

март - јули 2021 - Прв семестар

август – Презентација на проекти

Академски календар за 2021/22 - упис 2

27 септември - Почеток

септември 2021 јануари 2022 - Прв семестар

февруари 2022 – Презентација на проекти

Што ќе научите на академијата?

  • Запознавање со основните принципи на софтвер тестирањето
  • Запознавање со видови и нивоа на тестирање
  • Запознавање со Тест артефакти, како и со алатки кои се користат за тестирање
  • Принципи на Agile развој на софтвер, различни Agile пристапи
  • Улоги и вештини на еден тестер во Agile проекти, како и техники и методи
  • Запознавање со HTML5 и CSS3
  • Запознавање со синтаксата на C#
  • Вовед во автоматско тестирање
  • Интернет технологии за автоматско тестирање на веб апликации
  • Користење на Selenium WebDriver
  • Подготовка на скрипти за автоматско тестирање

Методи

Предавањата се изведуваат на модерен и интерактивен начин, користејќи модерни информациски технологии, преку индивидуална и групна работа, практично менторство, како и интерактивни консултанти со предавања во текот на часовите. Сето ова со цел студентите да ги развијат своите вештини во софтвер тестирањето преку работа на реални проекти.

Верификациони документи - сертификати

По завршување на секој од курсевите секој учесник добива соодветен официјален сертификат за посета на курсевите ISTQB и Microsoft.

Полагање на официјални испити

Учесниците на академијата можат да полагаат официјални ISTQB испити и да се стекнат со официјален и меѓународно признаен сертификат. Сите материјали кои ги добиваат и самите предавања се соодветни за подготовка на овие испити.

Полагањето е опционално.

  • Проценка на тестинг обидите (test effort) врз основа на повеќе итерации и квалитативни ризици
  • Алатки за Agile проекти
  • Да знае да чита и пишува HTML5 и CSS3 код
  • Да знае да модификува и дополнува HTML5 и CSS3 код
  • Да ги знае концептите нa bootstrap
  • Да знае да работи со Developer Tools
  • Работи со Visual Studio
  • Пишува конзолни апликлации
  • Концептите на објектно ориентирано програмирање
  • Јамки, услови, различни методи, преоптоварување, препокривање
  • NUnit, MSTest
  • Page Object Model
  • Test Explorer