WordPress Академија

Скопје
Аплицирај
Почеток на курсот
27 Сеп 2021
Број на часови
226
Цена на курсот
1.650 ЕУР

WordPress Академија

Оваа програма е дизајнирана за слушатели сакаат да го научат програмирањето преку јазици базирани на веб и преку WordPress платформата. Академијата вклучува курсеви кои се стандардни за било каков развој на веб страни и апликации, вклучувајќи ги HTML и CSS јазиците за структура и дизајн на веб страната, а потоа и Javascript кој служи за развој на главната интеракција помеѓу неа и корисникот. Подоцна фокусот се пренасочува кон PHP и MySQL кои се потребни за “back-end” веб програмирањето и се главен составен дел на WordPress платформата и како таа функционира. Академијата исто така вклучува и курсеви кои користат додатни алатки и технологии како Git кои дополнително помагаат во развојот на проектот кој слушателите ќе го креираат од почеток со WordPress како главна платформа.


Програма

Задолжителни модули

  • Вовед во HTML/CSS за веб девелопери
  • Основи на програмирање и веб интеракција со користење на Javascript/jQuery и AJAX
  • Вовед во PHP и MySQL
  • Напредни конецпти во програмирањето и базите на податоци со PHP и MySQL
  • Вовед во контрола на верзии со GIT
  • Запознавање на WordPress и неговите основни компоненти како страници, објави, поставки, теми и додатоци
  • Запознавање со WordPress куки (акции и филтри)
  • Прилагодување и креирање на нови теми
  • Развој на додатоци за екстензија на функционалностите на WordPress
  • Напреден развој и прилагодување на теми и додатоци со користење на Објектно ориентирано програмирање и бази на податоци
  • Корстење на напредни алатки за инсталација на дополнителни компоненти со NPM и Composer
  • Оптимизација на веб страната и креирање на автоматизирани задачи со Gulp

Со завршување на програмата за Wordpress академијата, посетителот ќе знае да ги применува најновите принципи и технологии во оваа област, како и ќе научи да:

  • Основни познавања на веб и како тој функционира
  • Способност за дизјанирање на веб страна со добар изглед
  • Способност да се разбере и имплементираат кориснички интерфејси за да се подобри корисничкото искуство (UI/UX)
  • Познавање на “back-end” програмирањето и како да се искористи за своите потреби при развојот
  • Познавање на релациони бази на податоци и менаџирање
  • Способност да се искористи објектно ориентираниот модел на програмирање за пишување на код
  • Контрола на верзии на кодот
  • Познавање на WordPress платформата, како функционира и за што се користи
  • Способност да се развиваат додатоци и теми за WordPress
  • Способност да се развива веб страна од почеток
  • Користење на напредни алатки за дополнителна оптимизација на веб страната

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на Семос Академија за Wordpress
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

Академски календар за 2021/22 - упис 1/ online

15 април  2021 - Почеток

15 април до 15 јули 2021 - Прв семестар

17 август до 15 ноември 2021 - Втор семестар

02 декември 2021 – Презентација на проекти

Академски календар за 2021/22 - упис 2

27 септември - Почеток

27 септември до 30 декември 2021 - Прв семестар

20 јануари до 29 април 2022 - Втор семестар

20 мај 2022 – Презентација на проекти

Потребни предзнаења

Слушателите немаат потреба од никакво предзнаење на програмски јазици, потребно е само основно познавање за користење на компјутер и Windows оперативниот систем за да ги следат курсевите во академијата.

Материјали

Слушателите кои присуствуваат на академијата ќе добијат прирачник за секој дел/модул вклучен во програмата.

Методи

Предавањата се изведуваат на модерен и интерактивен начин, користејќи модерни информациски технологии, преку индивидуална и групна работа, практично менторство, како и интерактивни консултанти со предавања во текот на часовите.

Верификациони документи

  • Диплома за успешно завршена WORDPRESS Академија