Официјална Академија за Дигитален маркетинг

Скопје
Аплицирај
Почеток на курсот
26 Сеп 2022
Број на часови
210
Цена на курсот
1900 ЕУР

Зошто DIGITAL MARKETING SPECIALIST?

Дали сте заинтересирани за кариера во индустрија која брзо се менува, е втора најбарана во светот и со огромен потенцијал за напредок?

Во тој случај размислете за кариера како дигитален маркетер, дури и да немате никакво предзнаење.

Дигиталниот маркетинг не е само тренд туку е насока во која маркетингот ќе се движи понатаму. Индустријата е во подем со голем потенцијал за раст на долг рок. Побарувачката за квалификувани професионалци се зголемува секојдневно а предвидувањата се дека следува овој тренд уште повеќе да расте како што маркетингот станува се по дигитален во чекор со нашиот дигитален свет. Како што расте индустријата на дигиталниот маркетинг така расте и бројот на работни позиции кои се отвараат со цел пополнување на побарувачката за специјализирани дигитални работни места.

Според Форбс, онлајн бизнисите веќе пораснале за 146% до Април 2020 година. Ова е уште еден показател дека колку повеќе дигитални вештини имате, толку поголеми шанси за подобра иднина и ќе имате.

Во овој момент 4 од 10 работни позиции во маркетинг светот бараат вештини од дигиталниот маркетинг а воедно овие работни позиции плаќаат до 7000 долари повеќе од оние кои не бараат дигитални вештини. Постојат премногу можности во светот на дигиталниот маркетинг бидејќи сите компании сакаат да стигнат до своите конзументи преку дигитални канали. Мора да сте во тек со тоа што се случува во светот и да бидете спремни да комуницирате со луѓето.

Со дигиталниот маркетинг може да работите од било каде во било кое време. Ова е начин на живот кој може да стане реалност за Вас.

Што е уникатно во оваа програма преку Семос Едукација

  • Учете дигитален маркетинг од експерти од Силоконската долина, САД преку реални примери
  • Реално искуство
    Реално искуство во симулирана средина. Симулациите кои се дел од нашата академија ќе ви овозможат да влезете во улогата на менаџер за дигитален маркетинг. Симулациите базирани на реални податоци од Google, ќе ви дадат можност да правите маркетинг експерименти, да креирате виртелни search engine маркетинг кампањи, концептирате landing pages и email кампањи, и да правите различни маркетинг активности со користење на виртуелни буџети.
  • Асистенција при вработување и советување
  • Платени алатки: пристап до маркетинг алатки во вредност од 500$ (Crazy Egg, Feg-GUI, SE Ranking)
  • Пристап до ексклузивни форуми модерирани од професори и експерти од маркетинг индустријата
  • OMCP (Online Marketing Certified Professional) опција за полагање на испит по завршување на академијата

Модули

Задолжителни модули

  • Mastering SEO, Content Marketing, PPC, and Digital Analytics
  • Mastering Social Media, Mobile Marketing and Digital Strategy
  • Advanced Web Analytics
  • Advanced Search Engine Optimization (SEO)
  • Advanced PPC Certification Program
  • Advanced Social Media Marketing

Изборни модули

  • HubSpot Email Marketing Certification
  • Advanced Content Marketing
  • Advanced Website Conversion Rate Optimization
  • Advanced Mobile Marketing
  • Advanced Email Marketing

НОВО

Бесплатен курс за фриленсинг во вредност од 9000 денари за сите слушатели на Семос Академиите

Со цел да ги прошириме твоите кариерни можности по завршувањето на Академијата, за тебе овозможуваме бесплатен курс за фриленсинг.

Содржина на курсот:

  • Комуникација со клиенти
  • Time management
  • Project management
  • Плаќање и даноци
  • Проактивно работење на развој на сопствен Фриленс профил

Повеќе за курсот

Методи

Програмата на Digital Marketing Specialist ќе ви даде напредно познавање на најаважните сегменти од дигиталниот маркетинг и вклучува реални проекти и виртуелни симулации со цел стекнување на практично знаење. Ќе се сретнете со алатки кои се користат во светот на дигиталниот маркетинг, голем број на проекти и симулации во Mimic Pro со цел Ваша комплетна подготовка за работното место.

Талент партнери на Официјалната Академија за Дигитален маркетинг

Кои се?

Контакт лице за
интернационална
продажба

Марко Серафимовски
Раководител на Интернационална продажба
+38978441867

Академски календар за 2022/23 online

26 септември 2022 - Почеток

26 септември до 31 декември 2022 - Прв семестар

23 јануари до 25 јуни 2023 - Втор семестар

Документи – сертификати

  • Digital Marketing Specialist Master certificate - по завршување на академијата – интернационално признат сертификат за присуство
  • OMCP (Online Marketing Certified Professional) - По успешното завршување на програмата од академијата за дигитален маркетинг, ви даваме можност да полагате официјален испит и да се стекнете со сертификат плус потврда за 1000 часа проектно искуство што ќе ви овозможи да аплицирате за да го полагате испитот со OMCP.

По завршување на академијата за дигитален маркетинг, слушателот ќе биде во можност да ги користи најновите принципи и технологии во индустријата односно:

  • Ќе се стекнете со длабоко искуство од маркетинг активности како: search engine optimization (SEO), маркетинг на социјални медиуми, pay-per-click (PPC), website conversion rate optimization, веб аналитика, контент маркетинг, мобилен маркетинг, email маркетинг, автоматизација на маркетинг процесите, маркетинг стратегија и тн .
  • Ќе ги осознаете и научите најпотребните алатки од светот на дигиталниот маркетинг: Google Analytics, Google Ads, Facebook Marketing, Twitter Advertising и YouTube Marketing.
  • Ќе се стекнете со реално искуство преку работа на проекти со користење на Google Analytics, Google Ads, Facebook Marketing и YouTube Marketing.
  • Ќе научите како да креирате, планирате и имплементирате добра и ефективна маркетинг стратегија со соодветниот микс на маркетинг канали. Ќе креирате соодветни маркетинг пораки со цел стигнување до соодветната публика.
  • Ќе се подготвите за сертификација со врвни испити од светот на дигиталниот маркетинг како: OMCA, Google Analytics, Google Ads, Facebook Blueprint, Hootsuite и Hubspot.
  • Ќе се стекнете со знаење за подигнување на свеста за брендот, промоција на производи, придобивање на нови клиенти, генерирање на интерес за продукт од страна на ваши потенцијални купувачи како и креирење на стратегија за видливост и препознатливост на производи кај потенцијалниот купувач.
  • Ќе се стекнете со знаење за дизајнирање и имплементација на различни онлајн маркетинг промоции и кампањи преку SEO, SEM, PPC, социјални медиуми, email и контент.
  • Ќе се стекнете со знаење за анализа на податоци и перформанси на кампањите.
  • Ќе се стекнете со знаење за придобивање и носење на нови потенцијални клиенти и корисници.

Компании соработници на Кариерен центар на Семос Едукација