Java SE11 Developer
Oracle Certified Professional

Скопје
Аплицирај
Број на пакети
1

OCP Java SE11 Developer

Научете како да креирате безбедносни, преносливи и ефикасни апликации користејќи го програмскиот јазик кој е број 1 во светот.

Јава SE 11 курсевите за сертификација им овозможуваат на програмерите да се подготват за сертификација на професионално ниво. Дознајте што е ново во Java SE 11 и искористете ги дополнителните ресурси достапни од Oracle. Со полагање на потребните испити, сертифицираното лице докажува флуентност во Java SE и се стекнува со вештини потребни за да биде Java софтвер проограмер.

Јава SE 11 нуди два курса:

Java SE: Programming I

Овој почетен курс е наменет за оние програмери кои се нови во Јава и кои сакаат да ги научат концептите, јазичните конструкции и видовите на податоци. Во агендата се вклучени теми кои се однесуваат на exception handling, lambda expressions и модуларно програмирање. Курсот е наменет за програмерите кои ќе ги применуваат овие јазични вештини со цел развивање на  програми користејќи ги најновите верзии на JDK, моментално Java 11.

Java SE: Programming II

Ова е втор курс за програмери кои го изучуваат јазикот Java. Ги опфаќа темите кои беа изучувани на претходниот курс, Java SE: Programming I и овозможува дополнителни клучни вештини за Јава програмерите, како што се безбедносно кодирање, модуларно програмирање и пристап до база. 

OCP Java SE11 Developer

ИспитКурсЧасовиЦена
1Z0-815 Java SE: Programming I
40
1 000 еур
1Z0-816
Java SE: Programming II
40
1 000 еур

Лице за контакт

Цеко Тодоровски
Раководител на Java Official Training Department
+389 78 441 752, секој работен ден 9:00-17:00

OCP Java SE11 Developer

Чекор 1. Положи го испитот Java SE 11 Programmer I 1Z0-815

Чекор 2. Положи го испитот Java SE 11 Programmer II 1Z0-816

  • Строго дефинирани официјални курикулуми креирани од тимот на Oracle University
  • Оригинални книги
  • Оригинален светски признаен сертификат
  • Бесплатен консалтинг од нашите тренери
  • Можност да се посетува истиот курс

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура