JavaScript Академија
Акредитирана институција

Скопје
Аплицирај
Почеток на курсот
24 Апр 2023
Број на часови
225
Цена на курсот
1.650 ЕУР

Акредитирана институција за образование на возрасните за JavaScript девелопер на веб апликации

Верификација на Установа за образование на возрасните за реализација на посебна програма JavaScript девелопер на веб апликации на Семос Компјутерски Образовен Центар Бр. УП113 – 3511 од 22.12.202год.

Од декември 2021 година, Семос Едукација стана акредитирана институција од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија за реализација на посебната програма JavaScript девелопер на веб апликации.

Сакаш да станеш JavaScript девелопер на веб апликации, да учиш од врвни програмери-професионалци во својата област и да имаш супер платена професија?

Во моментов си на вистинско место. Оваа Академија ќе ти овозможи да навлезеш во областа на програмирањето. Во текот на обуката ќе стекнеш знаење, вештини и компетенции за развивање на веб апликации користејќи Open Source технологии и алатки (Linux, HTML & CSS, JavaScript, React.js, Node.js and MongoDB, third party API), а сето тоа во функција на понатамошно образование и вклучување на пазарот на труд.


Каде те гледаме по завршување на Академијата?

Кариерниот центар на Семос Едукација ќе те поддржи во процесот за апликација за пракса или вработување во компании соработници и талент партнери со кои заедно ќе работиш на реални проекти. 


Ќе имаш светска кариера како:

JavaScript Programmer, Јunior web програмер, Front-end Developer, Full Stack JavaScript Developer, Freelancer...

Имај сигурна кариера во IT инсустријата со JavaScript Академијата.


Програма

Основи на веб програмирање - 42 часа

  • Основи на GNU/Linux оперативен систем за развој на веб апликација
  • Основи на Git алатка за верзионирање на код
  • Основи на HTML & CSS

Front-End развој на веб апликација со JavaScript технологија - 72 часа

  • Основи во програмскиот јазик Javascript
  • Javascript библиотека React.js за Front-end развој на веб апликација
  • Тест за Front-End развој на веб апликација со JavaScript технологија

Back-End развој на веб апликација со JavaScript технологија - 75 часа

  • Основи на Node.js
  • Основи на MongoDB бази на податоци
  • Изработка и користење на веб сервиси
  • Интеграција со third party API
  • Тест за Back-End развој на веб апликација со JavaScript технологија

Практична изработка - „Развој на веб апликација“ - 27 часа

  • Развој на веб апликација
  • Поставување на JavaScript веб апликација на оддалечен опслужувач

Кариера - 9 часа

  • Индивидуален кариерен план преку сопствена SWOT анализа
  • Сопствено профилирање и промовирање

ФРИЛЕНС РАБОТЕЊЕТО Е ОДЛИЧЕН СТАРТ ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА АКАДЕМИЈАТА 

По завршување на Академијата, ти овозможуваме 50% попуст на курс за фриленсиг во вредност од 4500 денари,
до 10 февруари 2023 година

*Редовната цена на курсот е 9.000 ден.

Започни фриленс курс со кој ќе научиш:

  • Комуникација со клиенти
  • Time management
  • Project management
  • Плаќање и даноци
  • Креирање и развивање на сопствен Фриленс профил

Посетата на курсот не е задолжителна. Ако одлучиш да се приклучиш на курсот, ќе стекнеш знаења и вештини кои ќе те претворат во успешен фриленсер!

Прочитај повеќе за курсот

Учи од сертифицирани професионалци:

Дознај повеќе за нашите инструктори

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:

  • Користи Linux оперативен систем за развој на веб апликации
  • Користи git алатка за верзионирање на код и тимска изработка на проект
  • Користи HTML и CSS за креирање на веб документи
  • Пишува JavaScript код при што користи програмска логика и податочни структури
  • Извршува операции врз објектниот модел на документ DOM
  • Работи со код кој се извршува асинхроно
  • Креира и користи Javascript класи и објекти
  • Користи вградени, локални и надворешни модули во Node.js
  • Работи со датотечен систем преку Node.js
  • Применува синхрони и асинхрони оперции
  • Креира http мрежен опслужувач со помош на вграден http модул
  • Користи Express.js рамка за изработка на веб апликации
  • Креира и користи MongoDB бази на податоци со Node.js
  • Користи REST протокол за изработка на веб сервиси
  • Користи микросервис софтверска архитектура
  • Пишува код кој овозможува комуникација помеѓу два различни сервиси
  • Користи безбедносни мерки и правила при развој на мрежни апликации
  • Врши интеграција со надворешни сервиси (third party API)
  • Користи Javascript библиотека React.js за front-end програмирање
  • Поврзува React.js апликација со веб сервиси
  • Врши пипрема на околина на опслужувач за Javascript веб апликација
  • Поставува Javascript веб апликација на оддалечен опслужувач
  • Комуницира со соработници и деловни партнери;
  • Подготвува патека за кариерен развој;
  • Изработува документи за себе промоција.

Анатомија на еден JavaScript Programmer

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на Семос Академија за Javascript
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

Академски календар за 2023

24 април 2023 - Почеток

Oваа академија е за тебе доколку си:

  • Љубопитен
  • Адаптибилен
  • Креативен
  • Упорен, трпелив и
  • Ориентиран кон детали

JavaScript Академијата низ бројки

5 години

14 генерации

180+ слушатели

Javascript

Javascript е еден од најпопуларните јазици во светот. Таа популарност е резултат на улогата која ја има како скриптен јазик на WWW. Првичната намена на овој јазик била да се додаде мала количина на интерактивност на страницата, а сега Javascript се користи за за големи апликации и игри, па дури и може да се најде и во веб серверите. 
Javascript е уникатен јазик поради целосната интеграција со HTML/CSS, едноставните работи направени на едноставен начин, како и поддршката од сите веб пребарувачи.

React

За креаирање на front-end компонентите ќе користиме HTML со помош на React, кој што е наречен “View” во Model View Controller, а ќе ги стилизираме тие компоненти со помош на CSS. 
React е Javascript бибилиотека креирана од Facebook, врз која се гради кориснички интерфејс. Користејќи React многу веројатно ќе се зголеми брзината и стабилноста на вашата програма и ќе го смени начинот на кој што размислувате за градење на истиот. Моментално е една од најкористените Javascript библиотеки која има силна основа и голема заедница зад неа.

Node.js & MongoDB

За работа во back-end делот ќе користиме Node.js. Растечката популарност на Node.js го направи една од најкористените платформи во последниве неколку години. Базиран на V8 Јаваскрипт, механизмот користен во Google Chrome привлече програмери кои веќе имаа искуство во front-end делот, но и back-end програмери кои имаат потреба од event driven платформа. 
Кога станува збор за бази на податоци, MongoDB е составен дел на Node.js. Овој првенец на NOSQL движењето со голема брзина ја зазема главната улога како база на податоци во многу компании.

Методи

Предавањата се изведуваат на модерен и интерактивен начин, користејќи модерни информациски технологии, преку индивидуална и групна работа, практично менторство, како и интерактивни консултанти со предавања во текот на часовите.

Верификациони документи

Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката, ги положи интерните испити и изработи завршен проект, ќе се стекне со сертификат за успешно завршена програма JavaScript девелопер на веб апликации.

Компании соработници на Кариерен центар на Семос Едукација

Талент партнери на JavaScript Академијата

Кои се?