Конкурс за запишување
Отворен, Краен рок 15 септември 2021

Скопје
Аплицирај

Конкурс за запишување студенти
на стручни студии во академската
2021/22 година

Семос КОЦ (Семос Едукација) е акредитирана институција од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија за спроведување на постсредно специјалистичко образование за квалификацијата - Графички дизајнер на 5-Б ниво од Македонската рамка за квалификации, согласно Решението за верификација на условите за реализација на Наставниот план заверено под број УП113-1523 од 19.07.2019 год.
Семос Едукација распишува конкурс за запишување студенти во Семос Академија на стручни студии по графички дизајн и веб дизајн во академската 2021/22 година со почеток на наставата на 15.09.2021 година. Школувањето трае една академска година во два семестри (зимски и летен), а наставата се посетува секој работен ден од понеделник до петок.

Услови и критериуми за запишување

Само полнолетни лица имаат право да се запишат на стручните студии во Семос Академијата со цел да се стекнат со стручно образование, како континуирано постсредно образование, преквалификација или доквалификација. Право на запишување имаа следните кандидати:

  • лица кои завршиле средно образование,
  • лица кои се редовни студенти,
  • лица кои завршиле високо или вишо образование.

Кандидатите се запишуваат како редовни студенти во академската 2021/22 година со:

  • самофинансирање со можност за запишување до 15.09.2021 година,
  • добивање целосна или делумна стипендија согласно конкурсот за доделување стипендии.

Семос Академијата ќе објави конкурс за доделување на максимум 4 стипендии, на двете стручни програми за Графички дизајн и за Веб дизајн, во вкупен износ од 7.100 ЕУР, за академската 2021/22 година.

  • На стручната програма за веб дизајн ќе се доделат вкупно 2 стипендии
    (1 целосна и 1 делумна)

Конкурсот за доделување стипендии ќе биде објавен на 10.02.2021 год. и ќе има важност до 21.04.2021 год.

Кандидатите при запишувањето склучуваат Договор за стручна обука со Семос Едукација.

Цена и начин на плаќање

Редовната цена на школувањето изнесува 2.550 EUR (157.590 MKD).

Во цената се вклучени литература, полагање на 3 (три) официјални Adobe испити за стекнување меѓународни сертификати Adobe Certified Associate (ACA) за Photoshop, Illustrator и InDesign (Animate), како и учество на завршната изложба. За студентите кои имаат постигнато над 70% успешни резултати во текот на школувањето, имаат влез во системот за кариера кој овозможува давање препорака за пракса.

Начинот на плаќање, може да биде со:

  • на рати со кредитна картичка на Стопанска Банка АД Скопје каде каматата ја покрива Семос Едукација
  • со дебитни и кредитни картички од други банки согласно договорените услови со банките
  • во готово во просториите на Семос Едукација
  • со договор склучен на нотар за плаќање до 6 рати во готово, картичка или безготовинско плаќање.
  • можност за on line плаќање преку веб страната на Семос Едукација

Запишувањето на кандидатите на стручни студии во Семос Академијата, се врши во неколку термини со дефинирани рани уплати согласно дадената табела.

Начин на плаќање за рана уплатаОдобрен попуст во %Цена за уплата во еурЦена за уплата во мкд
Супер рана уплата до 30 јуни 2021 20% 2.040 126.072
Рана уплата до 15 Август 2021 15% 2.168 133.952
Плаќање на еднакви месечни рати
(max. 12). Првата рата изнесува 30.900,00 мкд
0 2.550 157.590

Цена на специјалистички испит

  • Испит по Теоретска настава изнесува 4.200 мкд
  • Испит по Практична настава изнесува 4.200 мкд

Лице за контакт

м-р Ангелина Канчевска
Раководител на Семос Академија за веб дизајн
+389 71 223 993, секој работен ден 9:00-17:00

Број на студенти

Семос Академијата отвара вкупно 40 слободни места за запишување на студенти, на двете стручни програми за Графички дизајн и за Веб дизајн, во академската 2020/21 година.

На стручната програма за веб дизајн се примаат максимум 18 студенти.

Доколку има слободни места после датумот предвиден за почеток на настава, Семос Академијата ќе ги прифати новите пријави за запишување.

Пријава и документи за запишување

При запишување на стручни студии во Семос Академијата, кандидатот пополнува онлајн пријава и поминува влезно тестирање каде се врши проценка на нивото на компјутерски знаења и вештини, креативност и афинитет кон професијата. Кандидатот потребно е да ги достави следните документи:

  • Извод од матичната книга на родените;
  • Последна диплома за завршено формално образование.
    Диплома за положена државна матура за лица кои завршиле средно образование.
    Диплома за завршени студии за лица кои завршиле високо или вишо образование.

Документите се доставуваат секој ден од понеделник до петок од 10:00 до 16:00 часот, во просториите на Семос Едукација на Бул. К.Ј.Питу бр.19/6 во Скопје.

Место на изведување на студиските програми

Семос Академијата располага со 3 училници со вкупен капацитет од 40 места и наставата  ја изведува во просториите на Семос Едукација на Бул. К.Ј.Питу бр.19/6 во Скопје. Училниците се климатизирани и опремени со софистицирана компјутерска и презентациска опрема. Секој студент работи самостојно на свој компјутер.

Дополнителни информации

За сите заинтересирани, секојдневно даваме информации во просториите на Семос Академијата. Редовно се организираат отворени денови, каде заинтересираните ќе ги видат студентските проекти, ќе ги слушнат приказните на најдобрите студенти и нивните кариери, ќе се запознаат со тимот на професори...