Едногодишна стручна програма за веб дизајн

Скопје
Аплицирај
Почеток на курсот
16 Сеп 2020
Број на часови
550
Цена на курсот
2550 ЕУР

Зошто ВЕБ ДИЗАЈНЕР?

Ако сте личност која сака да дизајнира и програмира професионални и оригинални веб-страници, тогаш вашата професија е #ВЕБ ДИЗАЈНЕР. Оваа професија на 21-от век комбинира креативност, технологија, веб оптимизација и аналитика. Бидете во тек со новите UX/UI кориснички принципи, креирајте целосно прилагодлив дизајн на веб страна, и развијте динамична веб страна со сите потребни функционалности и бази на податоци.


Програма

Задолжителни модули

  • Основи на информатичка технологија
  • Комуникација со клиент
  • Kариера и претприемништво
  • Интернет маркетинг и SEO/SEM оптимизација
  • Растерска графика (Photoshop)
  • Векторска графика (Illustrator)
  • Клиентски веб технологии - HTML, CSS
  • Кориснички веб дизајн (XD)
  • UX/UI кориснички принципи
  • Веб дизајн процес
  • Клиентски веб технологии – JavaScript
  • Серверски веб технологии со бази на податоци
  • Управување со веб проекти
  • Дизајн на веб страна
  • Имплементација на веб дизајн
  • Развој на динамична веб страна
  • Серверска околина и веб операции
  • Портфолио на веб дизајнер

Изборни модули

  • Веб мултимедија
  • Веб анимација (Animate)
  • Дигитално видео (Premiere Pro)

Методика

Програмата за Веб дизајн нуди едукативни можности за сите кои се заинтересирани за дизајн и развој на on-line медиумите, креирање на веб содржини и дизајни кои се лесни за употреба (user-friendly).

Лице за контакт

м-р Ангелина Канчевска
Раководител на Семос Академија за веб дизајн
+389 71 223 993, секој работен ден 9:00-17:00

Академски календар за 2020/21

16 септември 2020 - Почеток

16 септември до 30 декември 2020 - Прв семестар

20 јануари до 14 мај 2021 - Втор семестар

10 јуни 2021 - Завршна изложба 2021

Верификациони документи

  • Диплома Веб дизајнер
  • Меѓународен сертификат Adobe Certified Associate (ACA) со положени 3 испити за Adobe Photoshop, Illustrator и Animate
  • Креира оригинален дизајн за веб проекти (веб-страница, апикација) прилагодлив за различна големина на уреди.
  • Применува UX/UI кориснички принципи во процесот на планирање дизајн на веб проект.
  • Комуницира со клиенти во процесот на изработка на веб проекти.
  • Организира и менаџира целосен процес за развивање на веб проекти.
  • Изработува документација и архитектура на кориснички интерфејс.
  • Креира структура, стилизира елементи и воспоставува интерактивност на проектот со помош на клиентските веб технологии – HTML, CSS и JavaScript.
  • Програмира веб проект користејќи PHP програмски јазик.
  • Работи со MySQL бази на податоци.
  • Поставува и тестира работа на веб проект на (продукциски) опслужувач.
  • Работи интернет маркетинг и оптимизира веб-страници за пребрувачи и социјални мрежи.
  • Изработува сопствено Е-портфолио за себе-промоција.