Акредитирана од МОН
Едногодишна стручна програма за графички дизајнер

Скопје
Аплицирај
Почеток на курсот
15 Сеп 2021
Број на часови
550
Цена на курсот
2550 ЕУР

ДО 10 СЕПТЕМВРИ 10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА ЦЕЛИОТ ИЗНОС

Прва акредитирана институција за постсредно образование за Графички дизајнер

Верификација на Установа за постсредно образование на Семос Компјутерски Образовен Центар Бр. УП113 – 1523 од 19.07.2019 год.

Од јули 2019 година, Семос Едукација стана првата акредитирана институција од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија за спроведување на постсредно специјалистичко образование за квалификацијата - Графички дизајнер на 5-Б ниво од Македонската рамка за квалификации. Ова е единствена акредитирана образовна институција од ваков вид во државата, каде студентите кои посетувале и ќе посетуваат стручна едногодишна обука на програмата за Графички дизајн, ќе добијат официјална специјалистичка диплома за квалификација Графички дизајнер признаена и акредитирана од Министерството за образование и наука на РСМ.

Семос Едукација е првата институција во Македонија која ги издаде двете јавни исправи т.е. квалификации за Графички дизајнер и Веб дизајнер како установа за постсредно образование.


Каде те гледаме по завршување на Академијата?

Кариерниот центар на Семос Едукација ќе те поддржи во процесот за апликација за пракса или вработување во компании соработници и талент партнери со кои заедно ќе работиш на реални проекти.


Програма

Задолжителни модули

  • Основи на информатичка технологија
  • Комуникација со клиент
  • Kариера и претприемништво
  • Основи на маркетинг
  • Растерска графика (Photoshop)
  • Векторска графика (Illustrator)
  • Десктоп издаваштво (InDesign)
  • Основи на цртање
  • Ликовни естетски принципи
  • Дизајн процес
  • Типографија
  • Подготовка за печатење
  • Форми на графички дизајн
  • Манипулација на фотографија
  • Дигитална илустрација
  • Корпоративен идентитет
  • Дизајн на публикации
  • Портфолио на графички дизајнер

Изборни модули

  • Основи на фотографија
  • Движечка графика (After Effects)
  • UX/UI кориснички принципи и Adobe XD

Учи од сертифицирани професионалци:

Дознај повеќе за нашите инструктори

Методика

Програмата за Графички дизајн е усогласена според комерцијалните потреби кои ги диктира пазарот и целосно е насочена кон поединецот за стекнување на уметничко, креативно и практично знаење.

Анатомија на еден Графички Дизајнер

Лице за контакт

м-р Ангелина Канчевска
Раководител на Семос Академија за графички дизајн
+389 71 223 993, секој работен ден 9:00-17:00

Академски календар за 2021/22

15 септември 2021 - Почеток

15 септември до 30 декември 2021 - Прв семестар

17 јануари до 20 мај 2022 - Втор семестар

јуни 2022 - Завршна изложба

Oваа академија е за тебе доколку си:

  • Креативен
  • Брз
  • Снаодлив
  • Навремен
  • Тимски играч
  • Знаеш многу алатки

Академијата за графички дизајн низ бројки

15 години

27 генерации

250+ слушатели

Верификациони документи

  • Специјалистичка диплома за квалификација Графички дизајнер издадена од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија со положен завршен/ специјалистички испит.
  • Стекнати 60 ECVET кредити согласно законската регулатива од Министерството за образование и наука на РСМ и Европскиот кредит трансфер систем за стручното образование и обука (The European Credit System for Vocational Education and Training).
  • Меѓународен сертификат Adobe Certified Associate Specialist (ACAS) со положени 3 испити за Adobe Photoshop, Illustrator и InDesign, како дел од квалификацијата Графички дизајнер.

Со завршување на стручната едногодишна програма за графички дизајн, ќе знаеш да ги применуваш најновите принципи и технологии во оваа област, и ќе научиш да:

  • Изработуваш скици и нацрти за развој на идеи, користејќи критичко и креативно размислување, логика и анализа.
  • Креираш оригинални графички решенија, правиш адаптации и корекции на дизајн врз основа на дефиниран бриф од клиент.
  • Комуницираш со клиенти во процесот на изработка на графички решенија.
  • Користиш типографски елементи во композицијата.
  • Подготвуваш фајлови за печатење и за веб-употреба.
  • Вршиш манипулација на фотографија.
  • Креираш оригинална векторска илустрација.
  • Адаптираш постоечко лого градејќи бренд на компанија.
  • Развиваш визуелно решение на нов бренд за компанија.
  • Креираш долги документи и публикации.
  • Изработуваш сопствено портфолио за себе-промоција.

Компании соработници на Кариерен центар на Семос Едукација

Талент партнери на Академијата за Графички Дизајн

Кои се?