Python - I ниво


Аплицирај
Почеток на курсот
17 Авг 2021
Број на часови
30
Цена на курсот
15.500 МКД

За кого е наменет курсот

Python се користи насекаде. Неговата популарност расте брзо и компании како Google и Facebook секоја година го користат се повеќе. Цел на овој курс е да ги научи новите програмери за основите на програмирање низ многу примери и вежби и да се научи како се користи Python за решавање на комплексни проблеми. Теми, од основна синтакса на Python, до градење на комплексни апликации, се опфатени. Други теми како структурирање на код, манипулирање со податоци, справување со грешки, интеракција со бази на податоци, работење со датотеки и папки, користење на вградени модули, се исто вклучени. Овој курс се учи низ практични примери и совети. Исто така во овој курс ќе ве водиме низ процесот на поставување на Python околина.

Имајќи го предвид фактот што Семос Едукација од оваа година е авторизирана OpenEDG Python Institute академија, програмата за овој курс е прилагодена и наменета да ги подготви слушателите за полагање на PCEP (Certified Entry-Level Python Programmer Certification).


Содржина на курсот

  • Што е Python и негови предности
  • Вовед во програмирање со Python
  • Дефинирање на типови на податоци
  • Дефинирање логички изрази
  • Дефинирање циклуси
  • Структурирање на код
  • Структури на податоци и операции со истите
  • Справување со грешки
  • Работење со датотеки и папки (пристап, пишување, преместување, бришење)
  • Работење со бази на податоци со Sqlite3
  • Подесување на Python околина
  • Решавање на проблеми користејќи вградени модули

Стекнати вештини

По завршувањето на курсот слушателот ќе може да:

  • Основно познавање за целокупниот процес во програмирањето;
  • Знаење како да се подеси Python околина;
  • Способност да извршува операции користејќи разни типови и структури на податоци;
  • Контрола на текот на програмата со одлуки и циклуси;
  • Способност за менаџирање на датотеки и папки;
  • Основно познавање за користење на бази на податоци;
  • Способност за справување со грешки;
  • Способност за пишување на лесно одржлив код;
  • Способност за извршување на операции со користење на модули и алатки;

Лице за контакт

Бобан Крстев
Продажно лице за Python курсеви
+389 78 444 796, секој работен ден 9:00-17:00

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на Open Source Programming Training Department
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

Слушателите на овој курс не е потребно да имаат претходно предзнаење.

Материјал за курсот

Слушателите добиваат книга на англиски јазик “Python Crash Course“.

Сертификација

Со завршувањето на оваа обука ќе бидете подготвени да го положите PCEP (Certified Entry-Level Python Programmer Certification) испитот на Python Institute.

  • Секој слушател работи самостојно на свој компјутер
  • Бесплатна книга со практични примери и вежби
  • За секој слушател кој успешно ќе го заврши курсот следи диплома

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура