Data Science Институт
Data Scientist Associate


Аплицирај
Почеток на курсот
29 Јун 2020
Број на часови
174
Цена на курсот
2210 ЕУР

Местото каде што ќе станеш Data Scientist

7 Data Science Вештини.

1.5 Милион работни места.

Можностите за Data Scientist професијата које е една од најбараните на денешницата, се зголемуваат со огромна брзина, како одговор на експоненцијалното зголемување на бројот на податоци кои се генерираат секојдневно и потребата од нивна анализа. Компаниите сѐ повеќе вработуваат data scientists со цел да решат значајни бизнис проблеми.

Microsoft консултираше повеќе data scientists и компаниите каде што тие работат за да ги идентификуваат клучните вештини и знаења кои им требаат за да бидат успешни. Семос Едукација како Microsoft Gold Partner ја креираше единствената програма на овие простори за да овозможи да се стекнете токму со споменатите клучни вештини за да станете признаен Data Scientist во светски рамки.

Зошто Data Scientist?

Data Scientist професијата, веќе трета година по ред е прогласена за #1 работна позиција во ИТ индустријата според истражувањата на LinkedIn.  

Поради фактот што огромната количинa на податоци станува се по достапна, големите компании веќе не се единствени кои имаат потреба од Data scientists. Зголемената побарувачка за data scientists, како во големите така и во малите индустрии, се соочува со недостиг на квалификувани кадри, кои можат да ги пополнат отворените позиции.

7 Вештини кои ќе ги добиете за да станете Data Scientist

  • Пребарување на податоци од релациони бази
  • Применa на статистика во Data Science
  • Анализа и визуелизација на податоци
  • Идентификација на податоците преку код
  • Machine Learning алгоритми
  • Креирање на предиктивни модели
  • Работа на реално практично сценарио

Технологии кои ќе ги користите за добивање на Data Science вештини

T-SQL | Microsoft Excel | Power BI | Python | Azure Machine Learning Studio | Machine Learning Algorithms

Microsoft Data Science Програма

ИспитНаслов на курсотБрој на часовиНачин на
учење
Цена
2.600 ЕУР
Цена со 15% попуст
2.210 ЕУР
N/A 55232: Writing Analytical Queries for Business Intelligence 
24
Инструктор
70-779 20779: Analyzing Data with Excel
24
Инструктор
70-778 20778: Analyzing Data with Power BI
24
Инструктор
N/A Programming in Python for Data Science
32
Инструктор
N/A Perform Cloud Data Science with Azure Machine Learning
16
Инструктор
DP-100T01 DP-100T01: Designing and Implementing a Data Science solution on Azure
24
Инструктор
Финален проект
30
N/A

Опис на обуките опфатени во оваа програма

  • 55232: Writing Analytical Queries for Business Intelligence - Оваа обука ќе ве воведе во техниките за пишување на T-SQL код, со цел да извлечете податоци од релациона база за потребите за анализа на податоците. Курсот започнува со кратка дискусија за нивоата на мерење и квантитативна методологија на истражување и ги интегрира овие концепти во секоја презентирана тема за TSQL.
  • 20779: Analyzing Data with Excel - На оваа обука ќе се запознаете со улогата на статистиката во процесот на анализа на податоци. Во текот на обуката ќе ги совладате основните концепти на статистиката и нивната примена при анализа на податоците. Ќе научите како да ги опишете податоците со користење на на визуелизации како што се чартови како и основни статистички метрики: mean median, mod и variance на random варијабли, а потоа ќе се запознаете и со binomial, Poisson и Normal random варијаблите.
  • 20778: Analyzing Data with Power BI - Основната цел на оваа обука е да научите како да анализирате податоци со користење на Power BI алатката. Во обуката се вклучени трансформација на податоците, креирање на Power BI модел, креирање на визуелизации и ќе се запознаете со Power BI Service и Power BI мобилната апликација.
  • Programming in Python for Data Science - На оваа обука ќе се запознаете со програмскиот јазик Python кој претставува стандард во областа Data science. На самиот почеток ќе се запознаете со синтаксата, и елементите на програмскиот јазик. Понатаму ќе се обработат начините за прочистување и подготовка на податоци, за на крај да научите како се користи Python со цел да се креира предиктивен модел.
  • Perform Cloud Data Science with Azure Machine Learning - Во овој дел од обуката ќе се запознаете со Microsoft Machine Learning Studio, и ќе научите како да го користите за да направите Machine Learning модел.  Ќе научите како да направите upload на датасет во Azure Machine Learning Studio, да ги подготвите податоците, да примените некој од Machine Learning моделите кои ги имате на располагање, да го тренирате и инсталирате моделот.
  • DP-100T01: Designing and Implementing a Data Science solution on Azure - На овој официјален Microsoft курс, ќе се запознаете со различните Azure сервиси,  кои нудат поддршка за Data Science. Фокусот е ставен на користењето на Azure premier data science service и Azure Machine Learning service, за автоматизација на Data Science процесот.

Лице за контакт

Ирена Ивановска
Раководител на Microsoft Official Training Department
+389 70 246 146, секој работен ден 9:00-17:00

За кого е наменета оваа програма?

За сите оние кои сакаат професионално да се занимаваат со Data Science и да ги усовршат своите вештини од оваа област со цел да добијат поголеми можности за градење на кариера како и вработување или поголеми примања.

Уникатната програма на Data Science Институтот ќе ви овозможи:

Градење на интернационална кариера

Ќе се стекнете со сеопфатни вештини, на високо ниво, со што ќе бидете конкурентни на пазарот на трудот како во нашата држава така и пошироко и секогаш ќе бидете чекор пред останатите.

Интернационални експерти во областа како и во едукацијата

Во оваа програма, ќе учите од интернационални експерти од областа, како докажани Microsoft сертифицирани тренери со повеќе од 18 години искуство и со обучени над 80 data scientists, како во земјава така и надвор како што се Норвешка, Холандија и  други земји. Инструкторите кои ќе ве обучуваат се првите Microsoft сертифицирани тренери во Македонија кои пред 4 години се стекнаа и со титулата Microsoft Data Scientist.

Практично искуство

Секој курс од оваа програма покрај теоретскиот дел, вклучува hands-on вежби кои ќе ви овозможат да се стекнете и со практично искуство во решавањето на проблемите од оваа област. Исто така, на крај од обуката, самостојно ќе изработите реален проект, во кој ќе се применат сите знаења и вештини со кои се стекнувате во текот на следењето на обуката и резултатот од својата работа ќе го презентирате.

Интернационален сертификат

По завршување на сите курсеви, ќе бидете подготвени да полагате испит, кој ќе ви овозможи да се стекнете со меѓународно признаен сертификат Microsoft Certified: Azure Data Scientist Associate. По положување на испитот DP-100, ќе можете да ги споделите вашите сертификати во вашето портфолио, како и на вашиот LinkedIn профил, со што ќе можете лесно да бидете препознаени од страна на регрутерите.

Бенефити

По завршување на оваа единствена и прилагодена Data Science програма, ќе ги имате сите потребни знаења и вештини за да започнете кариера како Data Scientist и тоа со користење на најбараниот програмски јазик Python и најкористениот Cloud Service кој нуди поддршка на целиот процес во практицирање на Data Science – Microsoft Azure.

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура