За кого е наменета оваа програма?
Оваа програма е наменета зa оние кои работат во продажба, маркетинг, финасии, статистика, IT професионалци и сите оние се занимаваат со анализа на податоци или кои имаат многу мало познавање за бази на податоци и математика, но со желба да се стекнат со „вештини на 21-от век“.
Градење на кариера
Оваа програма ќе ви овозможи да се стекнете со сеопфатни вештини, на високо ниво, со што ќе можете да ја добиете кариерата што ја сакате.
Интернационални експерти во областа како и во едукацијата
Во оваа програма, ќе учите од интернационални експерти од областа, како докажани Microsoft сертифицирани тренери со повеќе од 18 години искуство и со обучени над 200 аналитичари како во земјава така и надвор како што се Норвешка, Холандија и други земји. Инструкторот кој ќе ве обучува е првиот Микрософт сертифициран тренер во Македонија кој пред 4 години се стекна и со титулата Microsoft Data Scientist.
Хибриден модел на учење – Иднината на IT обуките
Хибридниот модел на учење кој ќе биде применет во оваа програма, опфаќа Microsoft официјални курсеви кои се одржуваат од страна на Microsoft сертифицирани тренери, како и online обуки овозможени од online официјалната платформа на Microsoft.
Практични вежби
Секој курс од оваа програма, покрај теоретскиот дел, вклучува и hands-on вежби кои ќе ви овозможат да се стекнете и со практично искуство од областа.
Интернационален сертификат
По завршување на сите курсеви, ќе бидете подготвени да полагате испит, кој ќе ви овозможи да се стекнете со меѓународно признаен сертификат – Microsoft Certified: Data Analyst Associate. Ако одлучите да се сертифицирате и ги положите потребните испити, ќе можете да ги споделите вашите сертификати на вашето CV, како и на LinkedIn страната.