Александар Михајловиќ - Python Developer

 

1. Кажи ни нешто за себе. Кој е Александар? 

Роден сум 1986, по завршување основно училиште ми се раѓа љубов кон сликање и заради бунтовничкиот дух неколку години подоцна дипломирам средна школа како графички дизајнер. Не успевајќи да си го остварам сонот т.е. да завршам уметничка школа наоѓам нова утеха во гејминг светот, фасцинантен од се напредната технологија си ветувам дека мојата иднина е програмирање и правење игри. Сепак за некои ветувања треба повеќе време. Вработен во фамилијарниот бизнис и со 12 години работен стаж почнувам да барам кој програмски јазик можам да го научам во најбрз можен рок, и со време да го усовршам. 2017 година, после два месеци самоук во Python креирам демо игра т.е. визуелен роман, многу мал и краток проект кој што со помош на моите графички способности прераснува во обид да направам нешто поголемо. Сепак реализирав дека ќе ми треба поголема основа и знаење во Python. Како роденденски подарок ми пристига маил од Семос едукација за Python курс, кој што со отворени раце го прифаќам и веќе барам начини како можам уште повеќе да го искористам Python програмскиот јазик во моја корист. После завршување на курсот во април и само после 3 месеци т.е. јули 2022 година, креирам и го пуштам првиот дел од мојата нова игра со кодно име "Project X".

2. Зошто се одлучи за Python Менторска Програма во Семос Едукација? 

Како самоук во Python сфатив дека ќе ми треба повеќе основа и знаење ако сакам да креирам нешто поамбициозно. 

3. Три работи што најмногу ти оставија впечаток на менторската програма? 

Професионалноста прикажана од страна на менторите и инструкторите. Секогаш отворени за нови прашања и решавање на било кој проблем. 

4. Топ 5 вештини кои ги научи на Менторската Програма? 

Не можам да одвојам само 5 вештини, во Семос едукација научив многу повеќе. 

5. Кој е најдобриот совет што го слушна во Семос Едукација? 

Има веќе две години како присуствував на часовите но едно нешто нема да заборавам што ни беше кажано. На било каков проблем да наидете има одговор за се, само треба да не побарате.

Доколку сакаш и ти за брзо време да ја креираш својата успешна приказна и оваа година Семос едукација доделува подароци за Зимската Менторска Школа