Win10 + MS Word 2019
Windows 10 + MS Word 2019 + MOS испит


Аплицирај
Почеток на курсот
3 Апр 2024
Број на часови
30
Цена на курсот
6.450 МКД

За кого е наменет курсот:

За слушателите кои сакаат да се запознаат и почнат да работат со компјутер, како и со работата со најпознатиот и најкористениот оперативен систем Windows 10. Извонредно едноставниот и интуитивен начин на работа овозможува со многу кратка обука, да се користи глувчето и тастатурата, да се манипулира со прозорци, да се управува со сопствени документи преку Windows Explorer… Освен користењето на компјутерот и оперативниот систем Windows 10, во овој курс акцентот е ставен на работа со најпознатиот програм за внесување и обработка на текст MS Word. Низ добро организирани, ефективни вежби и професионално изработена програма, слушателите на овој курс самостојно ќе изработуваат текстуални документи од најразличен тип и најразлична намена.

Содржина на курсот

  • Работа со Windows 10
  • Работа со работната површина Desktop
  • Креирање на фолдери и датотеки и манипулација со истите
  • Користење на апликацијата Microsoft Word
  • Работа со документи
  • Обработка на податоци
  • Форматирање на текст
  • Уредување на документ
  • Копирање и преместување на текст
  • Табели, работа со табели
  • Објекти
  • Циркуларнo писмo (Mail merge)
  • Припрема на излезни резултати
  • Печатење
  • Секој слушател работи самостојно на свој компјутер
  • Бесплатни прирачници или книги за секој курс
  • За секој слушател кој успешно ќе го заврши курсот следи диплома
  • Можност за стекнување на меѓународно признат сертификат – Microsoft Office Specialist (MOS) за соодветна MS Office апликација.

Kонтакт

Оддел за продажба
+389 75 310 910; +389 2 3130 900

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на Office Training Department
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

Потребни предзнаења за курсот

Не се потребни претходни предзнаења.

Материјал за курсот

Слушателите добиваат прирачник за работа со Windows 10 и прирачник за работа со MS Word 2016

Сертификат: МОS Word

Сертификатот Microsoft Office Specialist (MOS) е еден од најполаганите водечки ИТ сертификати во светот. Сертификатот е прифатен на глобално ниво кој претставува квалификација базирана на стандардите за оценување на знаење и вештини за продуктивно користење на Microsoft  Office Word.

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура