CHFI сертификација
EC-Council Accredited Training Center


Аплицирај
Број на пакети
1

CHFI сертификација

Нелојални вработени. Крадци на компаниски документи. Дали сте квалификувани да истражувате криминал?

Процесот на форензичка истрага на компјутерско хакирање претставува детектирање на хакерски напади и прописно добивање на докази за пријава на криминалното дело и спроведување на анализи за спречување на понатамошни напади. Компјутерската форензика е примена на техники за компјутерска истрага и анализа во интерес на добивање потенцијални правни докази. Доказите можат да бидат добиени од широка палета на компјутерски криминал или злоупотреба, кражба или трговија со тајни материјали, кражба или уништување на интелектуална сопственост како и измама. Луѓето кои се Computer Hacking Forensic Investigator (CHFI) располагаат со широка палета на методи за откривање на податоци кои постојата на компјутерските системи, како и реставрирање на избришани, енкриптирани или оштетени информации од датотеки.

Обезбедувањето и анализирањето на електронски докази е централна тема во се поголемиот број на конфликтни ситуации и криминални случаи.

За кого е наменет курсот

Овој курс е наменет за полиција и останати лица за спроведување на законот, лица од воениот персонал, владини агенции и институции, професионалци за безбедност во е-бизнис, систем администратори, IT менаџери.

CHFI сертификација

ИспитНаслов на курсотЧасовиЦена
312-49 Computer Hacking Forensic Investigator
40 
1 250 еур

Во цената на курсот е вклучен и испитот.

Електронскиот доказ е критична компонента во следните ситуации:

  • Нелојални вработени
  • Компјутерски упади
  • Поседување на порнографија
  • Прекорачување на постоечки договор
  • Индустриска шпиунажа
  • Измами со електронска пошта
  • Банкротство
  • Оштетување и неовластена измена на веб страни
  • Кражба на компаниски документи

Овој курс ги подготвува слушателите за EC-Council CHFI испитот 312-49.

Лице за контакт

Ирена Ивановска
Раководител на EC-Council Training Department
+389 70 246 146, секој работен ден 9:00-17:00

Лице за контакт

Што е Компјутерска форензика?

Компјутерската форензика овозможува систематска и претпазлива идентификација на докази во компјутерски поврзан криминал и во случаите на злоупотреба. Оваа работа може да опфаќа следење на хакерски траги преку клиентска системи, следење на потеклотот на клеветничка електронска пошта како и реставрирање или обновување на траги од измама.

Овој курс ќе им овозможи на слушателите да се здобијат со потребни знаења за идентификација на трагите на натрапникот како и прописно да го соберат потребниот доказ за прогонување по судски пат.

  • Обука во Семос Едукација - EC-Council Accredited Training Center
  • Инструктори со сертификат Certified EC-Council Instructor
  • Оригинални EC-Council книги
  • Оригинални EC-Council лабови/вежби
  • Оригинален светски признат EC-Council сертификат во електронска форма

Потребни предзнаења за курсот

Не се потребни предзнаења за курсот.

Сертификат: Computer Hacking Forensic Investigator

Секој кој успешно ќе го положи испитот се здобива со титулата Computer Hacking Forensic Investigator.

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура