Новости Листа

Летна менторска програма за React Developer

Со нашата React Developer летна менторска програма, станете React developer и учествувајте во развивање на апликативен front-end софтвер за веб и мобилни платформи.

Летна менторска програма за React developer – Почеток 25.06.2019.

СПЕЦИЈАЛНА ЛЕТНА ЦЕНА за Mенторска програма за React Developer: 45.400,00. ПРИЈАВА

Вкупен број на часови: 111.

Во наредните 3 месеци ќе научите да го развивате секој дел од едно комплетно решение во enterprise индустријата со помош на React стекот (технологиите) - HTML5 & CSS3 & Javascript, ReactJS with Redux и React Native.

Во текот на менторската програма ќе имате можност да работите на реални проекти под менторство на претставник од ИТ компанија Vox Teneo кој со Вас ќе сподели искуство од секојдневните работни обврски и ќе Ви овозможи да работите во реална работна околина.

Vox Teneo е компанија за развој на софтвер основана во Белгија во 2002 која ја отвори својата гранка во Македонија во 2014. Во текот на 5 години од постоењето на Vox Teneo Macedonia, компанијата стигна то стабилна структура во однос на тимови и проекти кои се работат во нашите простории.

Низ годините, голем број на програмери, од студенти до експерти, поминаа низ компанијата и помогнаа во нејзиното градење и развој. Во моментов, програмерите од нашата гранка работат на најголемите и најкомплексни проекти во компанијата.

Членовите од нашиот тим се редовни учесници на локални и меѓународни саеми и презентации, како и бројни – обуки и предавања на различни теми, па токму затоа, соработката со Семос Едукација, не е нималку случајна.

Претставник од нашиот тим за оваа обука/предавање - е Др. Владимир Настески. Др. Настески е дел од Vox Teneo повеќе од 4 години и е еден од главните „виновници“ позади одлуката да се одбере React.js како главна Java Script библиотека во нашата работа.

Бенефити:

  • Можност за пракса или вработување во компанијата.
  • Тренери со долгогодишно искуство во програмирање и работа со комплексни системи од разни области во Македонија и странство.
  • Влез во кариерниот центар при Семос Едукација, за понатамошна препорака за пракса и вработување.
  • Работа на релани проекти.
  • Научете да проектирате софтверски UI решенија за веб и мобилни платформи.
  • Научете да изработувате целосни front-end апликации со интеграција на надворешни APIs.
  • Кариерната работилница ќе ви помогне да го трасирате патот до вашето работно место. Ќе добиете практични совети од луѓе кои што вработуваат, ќе дознаете што им е важно и на кои работи треба да обрнете внимание кога барате работа или сакате унапредување.

Краен датум на пријавување и уплата: 20.06.2019.

Можност за плаќање на рати со Visa или Master од било која банка. На 3, 6 или 12 рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка АД Скопје или на 6 рати со 1% камата со Dinners кредитна картичка.

Пријавете се за Летна менторска програма за React Developer ПРИЈАВА

Летна менторска програма за React developer

КурсЧасови
HTML & CSS & Javascript 39
React.JS with Redux 27
React Native 30
Практична работилница - како до вработување и професионално унапредување 6
Работа на релан проект со ментор 9

ПРИЈАВА

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на Open Source Programming Training Department
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00