Новости Листа

Стипендии за Microsoft летна IT школа

  • 1 целоснa стипендиja за Web Developer од 1605 €
  • 1 целоснa стипендиja за Server Administrator од 1605 €
  • 1 целоснa стипендиja за Data Analyst од 1605 €
  • 30 делумни стипендии од 555 €

Стекнете се со ИТ вештини на иднината

Обуката во Microsoft летната IT школа - менторска програма е интензивна и се одвива во 3 месеци. Искористете го летото за добивање на нови знаења, титули, како и работа на проекти со познати компании.  По вработувањето оваа инвестиција ќе ја вратите во рок од 3 месеци. Воедно ќе имате можност овие обуки да ги следите по повластени цени и да добиете една од стипендиите. 

Како да аплицирате?

ЧЕКОР 1: Пријавете  за  ЕДНА од наведените професии

1. Microsoft Web Developer

2. Microsoft Server Administrator

3. Microsoft Data Analyst

ЧЕКОР 2: Бесплатно тестирање

Сите кандидати кои ќе аплицираат учествуваат во тестирањето за целосна или делумна стипендија. Само 1 кандидат од секоја професија ќе се стекне со целосна стипендија во вредност од 1605€. 30 кандидати кои нема да освојат целосна стипендија, ќе добијат делумна стипендија од 555 €.

1. БЕСПЛАТНО ПОЛАГАЊЕ за една од наведните професии

  • Microsoft Web Developer
  • Microsoft Server Administrator
  • Microsoft Data Analyst

 Предност ќе имаат кандидати кои се невработени, студенти или средношколци.

ВАШАТА ИДНА ПРОФЕСИЈА:

Професија 1: Microsoft Web Developer со работа на реален проект под менторство на компанијата ITCrowd

Microsoft Web Developer е профил кој е спремен да гради модерни Web апликации со динамички податоци кои ќе ги задоволат тековните критериуми на пазарот, користејќи алатки, техники и технологии на Microsoft.

Во летната IT школа – менторска програма ќе се стекнете со знаења како да изградите целосна апликација од почеток, која опфаќа презентациски дел (front-end), серверски дел (back-end) користејќи ги следните технологии: HTML5, CSS3, JavaScript, Bootstrap, C#, ASP.NET (MVC и Web API) и Angular.

Летна школа за Web DeveloperПочеток 18 јуни, пријава

КурсЧасови
1 20480: Programming in HTML5 with JavaScript and CSS3 40
2 20483: Programming in C# 40
3 20486: Developing ASP.NET MVC 5 Web Applications 40
4* Дополнителен курс: Frontend Development with Angular 5 30
5 ГРАТИС Подготовка  за полагање и стекнување на титулата:  
MCSD: App Builder 
10

* Пакетот за Microsoft Web Developer се состои од три курсеви (1-3), курсот под број 4 е дополнителен и е единствено по избор од слушателот.

Професија 2:  Microsoft Server Administrator со работа на реален проект под менторство на компанијата SAGA

Microsoft Server e профил кој е одговорен за администрирање на Microsoft компјутерските системи и мрежи.

Во текот на летната школа ќе се стекнете со знаења за  најновиот серверски оперативен систем Windows Server 2016, кој овозможува брзо и ефикасно одржување и менаџирање како на приватен, така и на хибриден облак (private and hybrid cloud). Ќе имате можност да  работите со Hyper-v и креирање на   virtual machines, DNS, DHCP, Active Directory (AD) , Active Directory Federation Services (AD FS), Active Directory Certificate Services (AD CS), storage системи, failover clusters…

Microsoft Windows Server 2016 е (cloud-ready) оперативен систем со кој безбедноста и продуктивност е на највиско можно ниво во денешно време.

Microsoft летна IT школа – менторска програма за Server Administrator - Почеток 18 јуни, пријава

КурсЧасови
1 20740: Installation, Storage, and computer with Windows Server 2016 40
2 20741: Networking with Windows Server 2016 40
3 20742: Identity with Windows Server 2016 40
4 Дополнителен курс: 10979: Microsoft Azure Fundamentals 16
5 ГРАТИС Подготовка  за полагање и стекнување на титулата:
MCSA: Windows Server 2016
10

Професија 3: Microsoft Data Analyst

Microsoft  Data Analyst е профил која е одговорна за прибирање, анализа, презентирање и издвојување на корисни информации од податоците со кои располага една компанија. Data Analyst-от мора да биде способен да изввлече корисни информации од огромен број податоци да ги анализира истите и визуелно да го прикаже резултатот од анализата.

Со нашата летна менторска програма, станете Data Analysts и бидете еден од одговорните лица што ќе помогне во донесувањето на правилни одлуки со кои ќе се подобри целокупното работење на вашата компанија.

Microsoft летна IT школа - менторска програма за Data AnalystПочеток 25 јуни, пријава

КурсЧасови
1 20761: Querying Data with Transact-SQL 40
2 20779: Analyzing Data with Excel 24
3 20778: Analyzing Data with Power BI 24
4* Дополнителен курс: 20767: Implementing a SQL Data Warehouse 40
5 ГРАТИС Подготовка  за полагање и стекнување на титулата:  
MCSA: BI Reporting 
10

* Пакетот за Microsoft Data Analyst се состои од три курсеви (1-3), курсот под број 4 е дополнителен и е единствено по избор од слушателот.

Тестирање 6 и 7 јуни - пријава

  • Официјални курсеви со вклучена официјална Microsoft литература, лабови и сертификати
  • Понуда, услови и цени кои важат само еднаш годишно
  • Работа на реални проекти со познати компании
  • Тренери со долгогодишно предавачко и практично искуство
  • Можност за пракса или вработување во познати ИТ компании
  • Гратис часови за припрема за полагање на Microsoft испити
  • Влез во Кариерниот Центар на Семос Едукација

Повеќе информации: 02/31 30 900 или 070/246 146 


За компанијата ITCrowd:

ITCrowd е ИКТ компанија за девелопмент и консалтинг со седиште во Скопје, која нуди комплетни ИТ решенија базирани на најновите докажани технологии и методологии. ITCrowd нуди лојална поддршка на компании од ралични бизниси во повеќе земји и гради долготрајни релации со клиентите врз база на доверба и професионална соработка, нудејќи ги најнапредните софтверски решенија, знаење и експертиза на едно место.

ITCrowd е место каде што тимската работа е една главните вредности, во рамки на која овозможува кариерен развој во насока на индивидуалните интереси и градење на високо стручни, независни професионалци во различни сегменти на ИКТ индустријата. 

За компанијата SAGA:

Од своето основање во 2009-та година Сага МК е меѓуврвните систем интегратори во Македонија. Работиме во 26 држави низ целиот свет. Водечки заговорници сме за дигиталната трансформација во нашиот регион. Член сме на New Frontier групацијата која според Гартнер е во најуспешните 10 систем интегратори во централна и источна Европа. Ние сме партнер кој влева доверба. Ние сме Сага МК.

Сага МК и New Frontier групацијата се лидери во дигиталната трансформација во централна и источна Европа. Веруваме дека нашите клиенти ќе го подобрат своето работење со нашите иновативни решенија во склад со нашето мото „Ја обликуваме иднината преку резултати сега“.

Нашето портфолио опфаќа широка палета на производи и услуги, од консултантски сервиси, интеграција на комплексни ИТ решенија и сервиси,па се до сопствени ИТ производи и услуги. Како лидер во дигиталната трансформација New Frontier групацијата и Сага МК ги поддржуваат своите клиенти во нивните дигитални трансформации, нудејќи иновативни производи ориентирани кон корисникот, како и консултантски услуги со кои тие ќе ги преобликуваат своите модели на деловно работење.