Database Administrator
Azure Database Administrator Associate

Скопје
Аплицирај
Број на пакети
1

Database Administrator

Azure Database Administrator Associate

Иако администрацијата на базите на податоци не е ништо ново, во последните години има значително голем број на податоци кои се зачувани во cloud па потребите од нивна администрација уште повеќе се зголемува. Решенијата базирани на бази на податоци во cloud се множат. Организациите сакаат да држат сѐ повеќе податоци и сѐ подолго. Cloud-от пак обезбедува неограничени можности, како во чувувањето, така и во обработката на вашите податоци. Администрирањето на овие податоци е предизвик.

Семос едукација ви помага да научите и да се препознаете како Microsoft Certified: Azure Database Administrator Associate.

Microsoft Certified: Azure Database Administrator Associate

Опис на курсот

Овој курс им нуди на слушателите знаења и вештини за администрирање на SQL Server база на податоци во cloud,  on-premises како и хибридни решенија, кои се базираат на Microsoft PaaS понудата за релациони бази. Дополнително, тоа ќе биде од корист за поединци кои развиваат апликации што користат SQL-базирана релациона база на податоци.

ИспитНаслов на курсотЧасовиЦена
DP-300 DP-300: Administering Relational Databases on Microsoft Azure
32
680 ЕУР

Со посетата на овој курс, вие ќе научите:

  • Да администрирате релациони бази во Microsoft Azure со користење на Azure portal, Cloud Shell, Azure PowerShell, CLI, и ARM темплејти.
  • Како да креирате и конфигурирате ресурси во Microsoft Azure, вклучително и бази на податоци и сервери за бази на податоци.
  • Да конфигурирате автентикација и авторизација на базите на податоци.
  • Да имплементирате безбедносни полиси.
  • Како да ги мониторирате перформансите на серверите за да ги идентификувате главните причини да проблемите со перформансите.
  • Да конфигурирате ресурси, вклучително и бази на податоци, сервери, како и самата мрежа за да добиете оптимални перформанси.
  • Да ги мониторирате и тјунирате вашите query-а.
  • Да ги менаџирате тасковите за одржување на базите на податоци како и одржување на статистиката и дефрагментацијата.
  • Конфигурација на auto-tuning опциите за базите на податоци.
  • Автоматско креирање на ресурси со скрипти.
  • Креирање и конфигурирање на алерти и нотификации.
  • Да одредите оптимална стратегија за HADR  која ќе ги задоволи RPO и RTO барањата.
  • Планирање и конфигурирање на disaster recovery решение.

Лице за контакт

Ирена Ивановска
Раководител на Microsoft Official Training Department
+389 70 246 146, секој работен ден 9:00-17:00

Сертификат - Microsoft Certified: Azure Database Administrator Associate

За да се стекнете со овој сертификат, потребно е да го посетите курсот DP-300: Administering Relational Databases on Microsoft Azure и да го положите испитот DP-300: Administering Relational Databases on Microsoft Azure.

Кој може да го посетува курсот

Овој курс е наменет за прифесионалци кои се задолжени за администрација на бази на податоци и сакаат да научат како се администрираат овие бази на податоци во Microsoft Azure. Курсот исто така е наменет и за data архитекти, како и за програмери кои сакаат да разберат и научат кои технологии за чување на податоци се достапни во Azure и како да ги користат тие технологии преку нивните апликации.

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура