Autodesk BIM Технологии
Autodesk Авторизиран Тренинг

Скопје
Аплицирај
Почеток на курсот
11 Мар 2024
Број на часови
81
Цена на курсот
37.080 МКД

За кого е наменет курсот

Вовед во БИМ технологијата е официјален курс наменет за сите студенти, инженери и архитекти, како и за сите оние кои сакаат да ги збогатат своите познавања од најважната технологија во АИГ (Архитектура, Инженерство, Градежништво) индустријата.  Покрај теоретските излагања, слушателите во рамки на курсот ќе имаат можност да се запознаат и со софтверите кои ја опслужуваат БИМ технологијата.


Содржина на курсот

  • Building Information Modeling (BIM)
  • Краток осврт кон БИМ технологијата
  • Кратка историја, насоки на развој и трендови
  • Предности и недостатоци од користењето на БИМ технологијата
  • Зошто е важна оваа технологија и како го обликува начинот на кој работиме
  • Статус на БИМ имплементацијата во светот
  • БИМ процеси и стандарди
  • BIM Execution Pans (BEP)
  • BIM Maturity Level
  • Level of Development (LOD)
  • БИМ улоги и одговорности
  • Демонстрација
  • Запознавање со Autodesk Revit 2020 апликацијата, нејзиниот интерфејс, алатките за навигација
  • Работа со основните алатки за моделирање и модификација
  • Работа со надворешни фајлови
  • Почетно подесување на апликацијата и проектите
  • Креирање на архитектонски 3д модел со ѕидови, подови, кровови, скали, огради рампи, плафони, врати, прозори и стаклени фасади
  • Додавање на готови компоненти (фамилии), како што се мебел елементи, светилки, опрема
  • Работа со погледи, креирање и нивна организација
  • Подготовка на техничка документација како 2Д технички детали, коти, ознаки, симболи
  • Работа со листи за спецификација на елементи и материјали
  • Подготовка на листови за печатење и експортирање во dwg формат
  • Вовед во Autodesk Navisworks 2020
  • Креирање на обединет модел од сите дисциплини
  • Детекција на конфликти во моделот
  • Подготовка за изградба на објектот со помош на Autodesk Navisworks 2020
  • Правење на симулација и анимација
  • Планирање и изработка на динамички планови
  • Обука во Autodesk Авторизиран Тренинг Центар
  • Работа на лиценциран Autodesk софтвер
  • Обука спроведена од страна на Autodesk Certified Instructor
  • Литература во најновата верзија со вежби за секој курс
  • Сертификат за посета на курс издаден од Autodesk

Kонтакт

Оддел за продажба
+389 75 310 910; +389 2 3130 900

Лице за контакт

Дијана Василевска
Раководител на Autodesk Training Department
+389 70 349 030, секој работен ден 9:00-17:00

Лице за контакт

Борјанчо Мицевски
Раководител за бизнис развој на балкански регион
+389 75 345 258 +389 78 306 647

Building Information Modeling (BIM)

Building Information Modeling (BIM) е најсовремена технологија која на професионалците од АИГ (Архитектура, Инженерство, Градежништво) индустријата им дава алатки за поефикасно планирање, дизајнирање, градење и управување на  зградите и инфраструктурата. Резултатите покажуваат заштеди до 50% во буџетот на проектот и времето за нивно завршување, додека во исто време се зголемува квалитетот на проектите. Компаниите, како и владите, ја имплементираат БИМ технологија за постигнување на поголема конкурентност и економски просперитет. Поради тоа БИМ специјализацијaта е исклучително барана и вреднувана вештина.

Сертификат: Autodesk Certified User

Јаките дизајнерски софтверски вештини секогаш се одлично средство за напредок  во академските и професионалните области. Учењето на врвните дизајнерски софтвери од Autodesk заедно со Autodesk User Certification им дава можност на сите студенти да имаат огромна предност во образованието или кариерата.

Материјал за курсот

  • Официјална литература на Autodesk - Autodesk Official Training Courseware на англиски јазик и линк со вежбите.
  • По завршување на курсот секој слушател добива Autodesk Certificate of Completion.

Попуст

Наведените попустите не се комбинираат и истите се поддршка кон младите, невработените лица, како и кон лојалните слушатели.

  • 10 % за посета на прв курс – ученик, студент, невработено лице
  • 10 % за посета на втор курс – секој слушател
  • 15 % за посета трет и повеќе курсеви – секој слушател

Начин на плаќање

  • Уплата во готово со уплатница или дебитни картички
  • Уплата на рати со кредитни картички
  • Уплата на рати без камата со кредитни картички на Стопанска Банка
  • Уплата на фактура